Аржантеј () — општина во северозападното предградие на Париз, Франција. Се наоѓа 12,3 киломентри од центарот на Париз. Аржантеј е потпрефектура на департманот Долината на Оаза, седиште на арондисманот Аржантеј.

Аржантеј е втора најнаселена општина во предградијата на Париз (по Булоњ-Бијанкур) и најнаселена во департманот Долината на Оаза, иако не е нејзина префектура, туку таа функција ја делат општините Сержи и Понтоаз.

Аржантеј граничи со општини во 3 други департмани освен Долината на Оаза: департманите Ивелин, Сенски Висови и Сена-Сен Дени.

Име Името Argenteuil за прв пат е запишано во кралската повелба од 697 година како Argentoialum, од латински / галски корен argento што значи „сребро“, „сребрен“, „сјаен“, можеби во однос на блескавата површина на реката Сена на чии брегови се наоѓа Argenteuil, и од галски јазик наставка -ialo што значи „расчистување“ или „место на“.

Историја Аржантеј бил основан како манастирска заедница во VII век (види Пјер Абелар и манастирот Аржантеј). Манастирот кој настанал од манастирската заедница бил уништен за време на Француската револуција.

Селско бегство за парижаните, сега е предградие на Париз. Сликарите го прославиле Аржантеј, меѓу кои и Клод Моне, Ежен Делакроа, Огист Реноар, Гистав Кајбот, Алфред Сисли и Жорж Брак .

Образование Во 2016 година, во училиштата во општината учеле12.000 ученици. Во општината има:"établissements scolaires ."

30 јавни предучилишни установи (maternelles) и едно приватно основно училиште со предучилишна установа"Les maternelles ." 26 јавни и 2 приватни основни училишта"Liste des écoles élémentaires d'Argenteuil ." 11 помлади средни училишта (колеџи - 10 јавни и 1 приватно "Les collèges ." 6 високи средни училишта/колеџи од шеста форма:Home . Гимназија Жорж Брак Гимназија Коњак-Же Гимназија Жили-Виктоар Добие Гимназија Жан Жорес Гимназија Фернан и Надја Леже Национално училиште за автомобилски професии (приватна)

Универзитетот Париз 13 служи како областен универзитет."Université Paris 13 ."

Во Аржантеј работи и Конзерваториум за музика, танц и театар.

Население

Имиграција

Збратимени градови Аржантеј е збратимен со:

Алесандрија, Италија Десау-Рослау, Германија Хунедоара, Романија Западен Данбартоншир, Шкотска, Обединето Кралство

Познати слики од Аржантеј мини| Во неговата слика од 1872 година, Пролет, Моне бил заинтересиран да проучува како неизмешаните наслаги бои може да сугерираат ефект на сјајна сончева светлина филтрирана низ лисјата Музеј на уметност на Волтерс .

Од Клод Моне:

Есен во Аржантеј, Регата во Аржантеј, Црвени чамци, Аржантеј, Мостот во Аржантеј, Пристаниште во Аржантеј, Сена во Аржантеј, Поглед на Аржантеј-Сноу, Бреговите на Сена во Аржантеј и Снег во Аржантеј. И „Воз во снег во Аржантеј“.

Од други сликари:

Аржантеј и Сена во близина на Аржантеј од Едуар Мане, Регата во Аржантеј од Пјер-Огист Реноар и Мостот во Аржантеј од Гистав Кајбот.

Галерија

Поврзано Општини во департманот Долина на Оаза

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница Официјален Фејсбук Здружение на градоначалници на Вал д'Оаз

Категорија:Градови во Франција Категорија:Потпрефектури во Франција Категорија:Градови во Ил де Франс Категорија:Општини во Долината на Оаза Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците