мини| Лопата Лопата — алатка која се користи во домаќинствата. Се состои од рачка и сечило. Рачката обично е направена од дрво или појачан фиберглас. Сечилото мора да биде изработено од цврст материјал, обично некој метал како лим челичен лим или тврда пластика. Широко се користи во земјоделството, градежништвото и градинарството.Od Igle Do Lokomotive - Alat za održavanje bašte

Намена Поради големата површина на сечилото, најпогодна е за пренесување на голема количина растресит материјал како песок, јаглен, снег и слично, иако може да се користи и за собирање растресит материјал. За различни потреби, лопатите можат да бидат со различен облик и големини. Најчесто користената лопата се состои од дрвена рачка и широк метално сечило и се користи за градежни цели, како и во земјоделството. Во градините може да се користат лопати со помали димензии, додека за чистење се користат пластични лопатки и како такви може да се најдат под името ѓубралник.

Историја Постојат докази дека уште во раниот неолит се користеле лопатки од животни како орудија за работа.The Concise Oxford Dictionary of Archaeology - Timothy Darvill - Google Books Подоцна биле правени од дрво. Тие првенствено се користеле во рудниците, каде што биле основна алатка до индустриската ера. За време на втората индустриска револуција на крајот на 19 вековните тешки машини и булдожери конечно ги заменија лопатите. Оттогаш, лопатите се користат првенствено во домаќинствата, како и во градежништвото, а многу малку во индустријата и повеќе како помошна алатка.

Галерија

Наводи

Категорија:Градинарски алатки Категорија:Предмети Категорија:Алати