Јапонска царска армија (јап. 大日本帝國陸軍 — дај-нипон тејкоку рикугун) ― официјална копнена војска на Јапонското Царство од 1868 до 1945 година. Била контролирана од Канцеларијата на Генералштабот на Јапонската царска армија и Министерството за армија, кои номинално биле подредени на јапонскиот цар како врховен командант на армијата и на Јапонската царска морнарица. Подоцна, Генералниот инспекторат за воздухопловство станал трета агенција која вршела надзор над армијата. Во воени услови или за време на национални вонредни случаи, командните функции на царот би биле централизирани во Царскиот генералштаб, ад хок тело кое се состоело од началникот и заменик-началникот на Генералштабот на армијата, министерот за армија, началникот и заменик-началникот на Генералштабот на морнарицата, генералниот инспектор за авијација и генералниот инспектор за воена обука.
Историја
Основање Кон средината на 19 век, Јапонија немала обединета национална армија и земјата била поделена на феудални домени (хан) а целокупната контрола врз нив ја имал шогунатот Токугава (бакуфу), кој владеел со Јапонија од 1603 година.
Царската армија официјално била основана во март 1871 година, по завршувањето на Бошинската војна и консолидацијата на моќта на царот. Во тоа време се состоела од девет пешадиски баталјони, две артилериски батерии и две коњанички ескадрили, со вкупно 6.000 луѓе. Иако формално царот е нејзин врховен командант, скоро секогаш со неа управуваат Воениот оддел и Генералштабот на армијата.
лево|мини| Принцот Аритомо Јамагата, фелдмаршал во Јапонската царска армија и двапати премиер на Јапонија. Јамагата Аритомо може да се смета за татко на јапонскиот милитаризам.
Регрутирање Со уредбата за регрутирање, донесена на 10 јануари 1873 година, воената служба станала задолжителна за мажи во земјата. Законот предвидувал вкупно седум години воена служба: три години во редовна војска (jōbigun), две години во резервен состав (dai'ichi kōbigun) и уште две години во втората резерва (daini kōbigun). Сите работоспособни мажи на возраст од 17 до 40 години се сметале за членови на националната гарда (kokumingun), која би била служба само во тешка национална криза, како напад или инвазија на Јапонија. Според новата уредба од 1873 година, регрутната војска била составена претежно од втори и трети синови на сиромашни земјоделци кои раководеле со регионалните гарнизони, а поранешните самураји ги контролирале Царската гарда и гарнизонот во Токио.
Понатамошен развој и модернизација (1873–1894)
Странска помош Раната Царска јапонска армија била развиена со помош на советници од Франција. Но, по поразот на Франција во 1871 година, јапонската влада се префрлила на германскиот модел. Од 1886 до април 1890 година, таа ангажирала германски воени советници (мајор Јакоб Мекел, во 1888 година заменет од фон Вилденбрик и капетан фон Бланкенбург) кои требало да помогнат во обуката на јапонскиот Генералштаб. Во 1878 година, била основана Канцеларијата на Генералштабот на Јапонската царска армија, заснована на моделот на германскиот Генералштаб; таа била поставена под директна команда на царот и добила широки овластувања за воено планирање и стратегија.
Тајванска експедиција Јапонската инвазија на Тајван со кој владеела династијата Ќинг во 1874 година била казнена експедиција на јапонските воени сили како одговор на инцидентот во Мудан од декември 1871 година. Народот Пајван, кој е домороден народ на Тајван, убил 54 членови од екипажот на трговски брод од Кралството Рјукју. Царството Јапонија ова го искористила како изговор за да го потврди суверенитетот врз Кралството Рјукју и за да се обиде истото да го направи и со Тајван, кој бил територија на Ќинг. Тоа било прво распоредување на Јапонската царска армија и морнарица во странство. лево|мини| Грофот Ноги Маресуке, генерал во Јапонската царска армија и трет гувернер на Тајван Во 1890-тите, Јапонската царска армија прераснала во најмодерна армија во Азија: добро обучена, добро опремена и со добар морал. Сепак, во основа таа била пешадиска војска на која ѝ недостигале коњаница и артилерија во споредба со нејзините европски современици.
Прва кинеско-јапонска војна мини|Јапонски трупи за време на кинеско-јапонската војна Од самиот почеток, развојот на настаните во Кореја бил внимателно следен во Токио. Јапонската влада наскоро се уверила дека бунтот во Донгак ќе доведе до кинеска интервенција во Кореја. Како резултат на тоа, веднаш откако дознала дека корејската влада побарала кинеска воена помош, јапонската влада наредила сите воени бродови во близина да бидат испратени во Пусан и Чемулпо. На 9 јуни, формација од 420 рикусентаи била испратена во Сеул, каде што привремено служеле како противтежа на кинеските трупи стационирани во Асан. Истовремено, Јапонците одлучиле да испратат уште една бригада од околу 8.000 војници во Кореја. Бригадата и помошните единици, под команда на генералот Ошима Јошимаса била целосно транспортирана во Кореја на 27 јуни. Јапонците ги известиле Кинезите дека се подготвени да ја повлечат бригадата ако тие претходно го напуштат Асан. Меѓутоа, кога на 16 јули, 8.000 кинески војници се истовариле во близина на устието на реката Таедонг за да ги зајакнат кинеските гарнизони во Пјонгјанг, Јапонците му поставиле ултиматум на Ли Хонгжанг, и му се заканиле дека ќе преземат акција доколку дополнителни трупи бидат испратени во Кореја. Исто така, генералот Ошима во Сеул и командантите на јапонските воени бродови во корејските води добиле наредби со кои им се дозволува да започнат воени операции ако Кинезите испратат уште војници во Кореја. И покрај овој ултиматум, Ли сметал дека Јапонците блефираат и се обидуваат да ја испитаат кинеската подготвеност да направат отстапки. Затоа, тој одлучил да ги зајакне кинеските сили во Асан со дополнителни 2.500 војници, од кои 1.300 пристигнале во Асан во текот на ноќта меѓу 23 и 24 јули. Во исто време, во раните утрински часови на 23 јули, Јапонците ја презеле контролата врз Кралската палата во Сеул и го затвориле кралот Гојонг, принудувајќи го да се откаже од врските со Кина.
За време на речиси двомесечниот интервал пред објавувањето на војната, двата воени штабови развиле оперативен план во две фази против Кина. Петтата дивизија на армијата ќе се истовари во Чемулпо за да го спречи напредувањето на Кинезите во Кореја, а морнарицата ќе ја ангажира флотата Бејанг во решавачка битка за да обезбеди контрола врз морињата.
Судирите меѓу кинеските и јапонските сили во Пунгдо и Сеонгван предизвикале неповратни промени во кинеско-јапонските односи. Двете влади официјално објавиле војна на 1 август. Првично, целта на генералштабот била да го обезбеди Корејскиот полуостров пред зимата, а потоа да стационира сили во близина на Шанхаигуан. Меѓутоа, бидејќи морнарицата не можела навреме да ја доведе флотата Бејанг. Како последица на тоа, кон крајот на август генералштабот наредил напредување преку копно за да ги заземе базите на полуостровот Љаодунг. На 1 септември била активирана Првата армија со две дивизии. На 17 септември, кинеските сили биле поразени во Пјонгјанг и Јапонците го окупирале градот, а преостанатите кинески трупи се повлекле на север. Неверојатната победа на морнарицата во Јалу на 17 септември била клучна за Јапонците бидејќи ѝ дозволила на Втората армија во средината на октомври со три дивизии и една бригада непречено да се истовари на Полуостровот Љаодунг на околу 100 милји северно од Порт Артур, кој го контролирал влезот во Бохајскиот Залив. Додека, Првата армија ги гонела преостанатите кинески сили од Кореја преку реката Јалу, Втората армија на 8 ноември го окупирала градот Даирен, а на 25 ноември ги зазела тврдината и пристаништето во Порт Артур. Подалеку на север, офанзивата на Првата армија запрела поради проблеми со снабдувањето и зимата.
Боксерско востание Во 1899-1900 година, нападите на боксерите против странците во Кина се интензивирале, што резултирало со опсада на дипломатските легации во Пекинг. На крајот била формирана меѓународна војска составена од британски, француски, руски, германски, италијански, австроунгарски, американски и јапонски трупи за да ги ослободи легациите. Јапонците учествувале со најмногу војници (20.840) како и со 18 воени бродови.
Напредните единици од 5-та дивизија заминале за Кина, со што бројот на јапонски војници достигнал 3.800, од тогашните вкупно 17.000 сојузнички војници. Командантот на 5-та дивизија, генерал-полковник Јамагучи Мотоми, ја презел оперативната контрола од Фукушима. Втора, посилна сојузничка експедициска армија на 14 јули упаднала во Тијанџин, и го окупирала градот. Потоа сојузниците се консолидирале и го чекале остатокот од 5-та дивизија и други сојузнички засилувања. На почетокот од август, експедицијата притиснала кон главниот град каде што на 14 август ја прекинала опсадата на Боксерите. Дотогаш, јапонската војска од 13.000 војници сочинувала околу 40 отсто од приближно 33.000 сојузнички експедициски сили. Јапонските војници вклучени во борбите добро се покажале, иако британски воен набљудувач забележал дека нивната агресивност, густо набиените формации и преголемата желба за напад ги чинеле прекумерни жртви. На пример, за време на борбите во Тијанџин, Јапонците, иако сочинувале помалку од една четвртина (3.800) од вкупната сојузничка војска од 17.000, претрпеле повеќе од половина од жртвите, 400 од 730. Слично било и во Пекинг., Јапонците, кои сочинувале нешто помалку од половина од јуришната сила, учествувале речиси со две третини од загубите, 280 од 453.
Руско-јапонска војна мини|Ошима Кеничи, министер за војна во тој период лево|мини| Пушката тип 38 била усвоена од Јапонската царска армија во 1905 година Руско-јапонската војна (1904-1905) била резултат на тензиите меѓу Русија и Јапонија, кои главно се појавија од ривалските империјалистички аспирации кон Манџурија и Кореја. Јапонската војска им нанела големи загуби на Русите; сепак не била во можност да им зададе решавачки удар на руските војски. Преголемото потпирање на пешадијата довело до големи жртви меѓу јапонските војници, особено за време на опсадата на Порт Артур.
Прва светска војна Царството Јапонија влегло во војната на страната на Антантата. Иако биле направени привремени планови за испраќање на експедициска сила од 100.000 до 500.000 војници во Франција, на крајот единствената акција во која била вклучена Јапонската царска армија бил внимателниот и добро изведен напад на германската концесија на Ќингдао во 1914 година.
Меѓу двете светски војни
Сибирска интервенција лево|мини| Команданти и началници на Генералштабот на сојузничката воена мисија во Сибир, Владивосток за време на сојузничката интервенција Во текот на 1917-1918 година, Јапонија продолжила да го шири своето влијание и привилегии во Кина. За време на Сибирската интервенција, по распадот на Руското Царство по Болшевичката револуција, Јапонската царска армија планирала да испрати преку 70.000 војници за да го окупира Сибир до Бајкалското Езеро. Генералштабот на армијата сметал дека отцепувањето на Сибир и формирање независна тампон-држава е можност за Јапонија да се ослободи од секаква идна закана од Русија. На планот се противеле САД.
Во јули 1918 година, претседателот на САД, Вудро Вилсон, од јапонската влада побарал да обезбеди 7.000 војници како дел од меѓународната коалиција од 24.000 војници за поддршка на американските експедициски сили Сибир. По жестоката дебата во Собранието, владата на премиерот Тераучи Масатаке се согласила да испрати 12.000 војници, но под команда на Јапонија, а не како дел од меѓународна коалиција. Јапонија и САД испратиле сили во Сибир за да ги зајакнат војските на водачот на белото движење адмирал Александар Колчак против болшевистичката Црвена армија.
Откако била донесена политичката одлука, Јапонската царска армија ја презела целосната контрола и до ноември 1918 година, повеќе од 70.000 јапонски војници ги окупирале сите пристаништа и поголеми градови во рускиот Приморски Крај и источен Сибир.