__NOTOC__ Сурла — концентрација од меѓуѕвезден гас и прашина во рамките на многу поголемото јонизирано гасовито подрачје IC 1396 во соѕвездието Кефеј на далечина од 2.400 светлосни години од Земјата. Овој дел од маглината е темната густа грутка IC 1396A наречена „Сурла“ бидејќи посетува на слоновска сурла на видливи бранови должини. Светлиот раб на површината на осветлениот густ облак е јонизирана од многу сјајна масивна ѕвезда (HD 206267), сместена веднаш на исток од IC 1396A. Целото подрачје IC 1396 е јонизирано од масивната ѕвезда освен густите грутки кои се заштитени од жестоките ултравиолетови зраци на ѕвездата.
Денес маглината Сурла се смета за ѕвездородно подрачје, и содржи неколку многу млади (помалку од 100.000 сг) ѕвезди откриени на индрацрвени слики во 2003 г. Во кружната шуплина на главата од грутката има две постари (но сепак млади) ѕвезди. Ветриштата од овие млади ѕвезди може да се одговорни за празнењето на шуплината.
Здруженото дејство на светлината од масивната ѕвезда која го јонизира и збива работ на облакот и ветерот од младите ѕвезди кои го туркаат гасот нанадвор водат до мошне голема збиеност на маглината. Овој притисок е причинител за денешното поклоение на протоѕвезди.
Галерија
Поврзано Список на маглини Кефеј (соѕвездие)
Наводи
Надворешни врски
Доловување на ѕвездите. Астрофотографија на мајсторите IC 1396A. Telegraph.co.uk Маглината Сурла во IC1396. Астрофотографија Пол Бескин IC 1396 во лажни бои. Астрофотографија Расел Кроман IC 1396 во изменет SHO. Ричард Пети
Категорија:Темни маглини Категорија:IC-објекти Категорија:Ѕвездородни области Категорија:Кефеј (соѕвездие)