Пантетин (бис-пантетин или ко-ензим пантетин) ― димерен облик на пантетеин, која се произведува од пантотенска киселина (витамин Б5) со додавање на цистеамин. Пантетин бил откриен од Џин Браун, докторант во тоа време. Пантетин е две молекули на пантетеин поврзани со дисулфиден мост. Пантетеинот е посредник во производството на коензимот А од телото. Повеќето додатоци на витамин Б5 се во облик на калциум пантотенат, сол на пантотенска киселина, со дози во опсег од 5 до 10 mg/ден. Спротивно на тоа, пантетинот се продава како додаток во исхраната за намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта во дози од 500 до 1200 mg/ден.

Додаток во исхраната Пантетинот е достапен во Соединетите Држави како додаток во исхраната поради докази за намалување на покачениот ЛДЛ-холестерол и триглицериди и зголемување на ХДЛ-холестеролот. Во повеќекратни клинички испитувања на пациенти со покачен холестерол и триглицериди, вкупниот и ЛДЛ-холестеролот биле намалени во просек за 12%, триглицеридите биле намалени за 19%, а ХДЛ- холестеролот бил зголемен за 9% во клиничките испитувања со дневен внес кој се движи од 600 до 1200 мг/ден.

Физиолошки ефекти Иако пантетинот може да послужи како претходник за создавање на витамин Б5 и потрошувачката на терапевтски количини на пантетин резултира со повисоки кружечки концентрации на витамин Б5, се смета дека ова не е механизмот на дејство. Барањата за витамин Б5 се од редот на 5 мг/ден. Високите дози на витамин Б5 не резултираат со липидни промени забележани со пантетин. Предложени се два механизми на дејство за пантетин. Во првиот, пантетинот служи како претходник за синтеза на коензимот А. Коензимот А е вклучен во преносот на ацетилни групи, во некои случаи да се прикачи на белковини тесно поврзани со активирање и деактивирање на гени. Со оваа теорија, или гените одговорни за синтезата на холестерол и триглицериди се потиснати или гените кои управуваат со катаболизмот на соединенијата се вклучени. Во втората теорија, пантетинот се претвора во две молекули на пантетеин кои пак се метаболизираат за да образуваат две пантотенски киселини и две молекули на цистеамин. Се претпоставува дека цистеаминот се врзува и на тој начин ги исклучува аминокиселините кои содржат сулфур во ензимите на црниот дроб вклучени во производството на холестерол и триглицериди. Она што е познато е дека високите дози на поврзаниот витамин - пантотенска киселина - немаат ефект врз липидите.

Наводи

Категорија:Алкохоли Категорија:Витамини Категорија:Карбоксамиди Категорија:Органски дисулфиди