Џон Ворт (роден на 23 мај 1980 година) е политички блогер, новинар и уредник кој редовно пишува за политиката на ЕУ, Брегзит и политиката на Германија. Од 2015 година е визитинг професор на Колеџот на Европа.

Ворт студирал филозофија, политика и економија на колеџот Мертон, Оксфордскиот универзитет, каде што се стекнал со диплома. Тој, исто така, магистрирал по европска политика на Колеџот на Европа, Бриж. „Евроблог“ на Џон Ворт започнал во 2005 година. Бил рангиран како третиот највлијателен блог од левиот центар во 2010 година од страна на Соушал Јуроп.

Во својата политичка работа, бил претседател на невладината организација Млади европски федералисти на Европа помеѓу 2003 и 2005 година. Во британската политика, бил одговорен за онлајн кампањата за кандидатурата на Хариет Харман во 2007 година да биде заменик-лидер на Лабуристичката партијаsee Iain Dale's Guide to Political Blogging in the UK 2007 и исто така водел онлајн кампања за кандидатурата на Дајан Абот за лабуристичко лидерство во 2010 година. Тој бил еден од основачите на кампањата за атеистички автобуси во 2008 година, а кампањата за прв пат била визуелизирана во неговиот блог запис „Во лице атеизам?“. Во 2013 година, во времето на неговото преселување во Берлин, ја напуштил Лабуристичката партија и се приклучил на германските Зелени, каде што се кандидирал на локалните избори во 2016 година

Тој е визитинг професор на Колеџот на Европа во Бриж, каде предавал од академската 2015–16 година. Тој им предавал на студентите на одделот за политика за онлајн комуникации и ЕУ и (заедно со Пјерпаоло Сетембри и Костанца Херманин) ја водел симулацијата на преговорите.

Како државјанин на ОК во Германија, редовно се појавува во германските медиуми за да зборува за Брегзит.

Член е на Групата за европска политика на Светскиот економски форум и на советодавната група на ЕУ Транспаренси интернешнал .

Во летото 2022 година започнал кампања за да побара внимание за проблемите со европската железничка мрежа, и конкретно граничните врски меѓу земјите.

Наводи

Надворешни врски

Јон Ворт Евроблог Профил на Гардијан Џон Ворт на Твитер Џон Ворт на Колеџот на Европа

Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Политички новинари Категорија:Блогери