Арапско Кралство Сирија ( , ) ― самопрогласена, непризнаена држава која прво на 5 октомври 1918 година со дозвола на британската војска прогласила „целосно и апсолутно независна. . . Арапска уставна влада“.Zeine N. Zeine. По повлекувањето на британските војски од Окупираните непријателски територии - Исток на 26 ноември 1919 година стекнала фактичка независност како „Емират“, а на 8 март 1920 година било прогласено кралството.

Како „кралство“ постоела малку повеќе од четири месеци, од 8 март до 25 јули 1920 година. На чело на кралството бил синот од шарифот Хусеин бин Али, Фајсал бин Хусеин. И покрај стремежот да се протега на територијата на Голема Сирија, Фајсал контролирал ограничено подрачје и бил зависен од Британија која, заедно со Франција, била против идејата за Голема Сирија и одбила да го признае кралството.Itamar Rabinovich, Symposium: The Greater-Syria Plan and the Palestine Problem in The Jerusalem Cathedra (1982), p. 262. Кралството им се предало на француските сили на 25 јули 1920 година.лево|мини|267x267пкс| Емир Фајсал

Наводи

Категорија:Држави и територии распаднати во 1919 година Категорија:Држави и територии настанати во 1919 година Категорија:Политички режими во меѓувоениот период Категорија:Поранешни кралства Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Сите статии со непотврдени изјави Категорија:Поранешни арапски држави Категорија:Сириски национализам Категорија:Палестински национализам