мини| Јапонски војници од 29-от полк на Западната порта од Мукден Јапонска инвазија на Манџурија ― напад и окупација на Манџурија на 18 септември 1931 година од страна на трупите на јапонската Квантуншка армија. По завршувањето на војната во февруари 1932 година, јапонците основале нова марионетска држава Манџукуо и ја возобновиле манџуриската династија Ќинг. Окупацијата на Манџурија траела до средината на август 1945 година, кога Советскиот Сојуз и Монголија по Манџуриската стратешка офанзивна операција, при крајот на Втората светска војна ја осовоиле територијата.
Јужноманџуриската железничка зона и Корејскиот Полуостров биле под јапонска контрола уште од Руско-јапонската војна од 1904-1905 година. Индустријализацијата и милитаризацијата на Јапонија било причина таа да станува сѐ позависна од увозот на нафта и метал од САД. Американските санкции со кои била спречена трговијата со САД (кои во исто време ги окупирале Филипините), биле причина Јапонија својата експанзија да ја продолжи на територијата на Кина и на Југоисточна Азија. Инвазијата на Манџурија, или инцидентот на мостот Марко Поло на 7 јули 1937 година, понекогаш се наведуваат како алтернативни датуми за почеток на Втората светска војна, за разлика од почесто прифатениот датум од 1 септември 1939 година.
Јапонската инвазија на Манџурија го привлекла вниманието на меѓународната јавност. Друштвото на народите ја формирало Литонската комисијата (на чело со британскиот политичар Виктор Булвер-Литон) за да даде оценка за состојбата, по што во октомври 1932 година организацијата го доставила својот заклучок. Било препорачано да не се признава јапонската марионетска држава Манџукуо и Манџурија да се врати под кинески суверенитет. Ова ја поттикнало јапонската влада целосно да се повлече од Друштвото. мини| Карта на државата Манџукуо во 1939 година
Поврзано
Чанг Кај Шек Втора кинеско-јапонска војна
Наводи
Надворешни врски
„На источниот фронт“, април 1932 година, колекција на фотографии од популарна наука за инвазијата на Манџурија и меѓународното населување Шангај за време на инцидентот во Шангај „МАНЏУРИЈА - За што се работи“, февруари 1932 година, Популарна механика Решавање на „манџурскиот проблем“: Учида Јасуја и јапонските надворешни работи пред Втората светска војна Јапонскиот „Единствен пат за опстанок“: Опсегот на погледи во армијата Гуандонг за заземањето на Манџурија и Монголија Меѓународен воен трибунал за далечниот исток јапонската агресија против Кина Монографија 144, Манџуриски инцидент Инцидент во Мукден и Манџукуо, база на податоци за Втората светска војна Манџурија 1931-1932 Фотографии од манџуриската кампања AMS Топографски карти на Манџурија Збирка фотографии од јапонската инвазија на Манџурија Категорија:CS1 со писмо на кинески (zh) Категорија:CS1-одржување: место Категорија:Сите статии со непотврдени изјави Категорија:Јапонски инвазии Категорија:Инвазии на Кина Категорија:Втора кинеско-јапонска војна