Бог на војната (англиски: God of War) ― акциско-авантуристичка видеоигра со борба со сечила, развиена од Santa Monica Studio и објавена од Sony Computer Entertainment (SCE). Првпат била објавена на 22 март 2005 година, за конзолата PlayStation 2 (PS2), таа е првиот дел од истоимениот серијал кој е на конзоли и трет објавен хронолошки. Засновано врз основа на грчката митологија, дејството е сместено во Стара Грција со одмаздата како нејзин средиштен мотив. Играчот го управува протагонистот Кратос, спартански воин кој им служи на олимписките богови. Божицата Атина го задолжува Кратос да го убие Арес, богот на војната и поранешен ментор на Кратос кој го измамил Кратос да ги убие неговата сопруга и ќерка. Додека Арес го опседнува градот Атина поради омраза кон божицата Атина, Кратос тргнува во потрага да го најде единствениот предмет што може да го запре богот еднаш засекогаш: Пандорината кутија.
Играњето на играта Бог на војната се насочува на комбинирани боречки удари, постигната преку главното оружје на играчот - Сечилата на хаосот - и второстепеното оружје стекнато подоцна во играта. Се одликува со брзи настани кои бараат од играчот да заврши различни активности на управувачот на играта во временска секвенца за да ги победи посилните непријатели и завршните шефови. Играчот може да користи до четири магични напади и способност за зголемување на моќта како алтернативни борбени можности. Исто така, има загатки и елементи на платформа.
Бог на војната продала повеќе од 4,6 милиони копии ширум светот, што ја прави четиринаесеттата најпродавана игра за PlayStation 2 на сите времиња. Се смета за една од најдобрите акциско-авантуристички игри за платформата, таа освоила неколку награди „Игра на годината“. Во 2009 година, мрежната страница за забава IGN ја прогласила Богот на војната за седма најдобра игра за PlayStation 2 на сите времиња. Таа е многу пофалена за неговата графика, звук, приказна и игра на играта и е наведена како една од најголемите видеоигри некогаш направени. Успехот на играта довел до развој на уште осум игри и проширувања во други медиуми. Играта и нејзиното прво продолжение, Бог на војната II, биле преработени и објавени во ноември 2009 година како дел од Збирката на Бог на војната]], а во 2012 година, преработената верзија била повторно објавена како дел од Сагата за Богот на војната, и двете за PlayStation 3. Подновувањето на играта било објавена во мај 2010 година, а филмското приспособување било во развој многу години, но на крајот било откажано.
Играчки процес Бог на војната е акциско-авантуристичка видеоигра во трето лице и е едноиграчка со елементи на сечење и бодење, гледани од гледиште на непоместувачкка камера. Играчот го контролира ликот Кратос во борби со комбинирани удари, со елементи на платформа и игри со загатки, и се бори со грчките митолошки непријатели кои вклучуваат немртви војници, харпии, минотаури, Медуза и Горгони, киклопи, вили, сирени, сатири, кентаури, и финалните шефови противници - Хидра и џиновски минотаур познат како чувар на Пандора. Платформските елементи бараат од играчот да се качува по ѕидови и скали, да скока низ бездните, да се лула на јажиња и да рамнотежува преку греди за да продолжи низ делови од играта. Некои загатки се едноставни, како на пример поместување кутија за играчот да може да ја користи како точка за скокање за да пристапи до патека недостижна со нормално скокање, но други се посложени, како на пример наоѓање неколку ставки низ различни области на играта за да отклучи една врата.
Низ светот на играта, играчот наоѓа зелени, сини и црвени ковчези кои содржат топчиња со соодветната боја. Зелените топчиња го надополнуваат здравјето на играчот, сините топчиња ја надополнуваат магијата, а црвените топчиња обезбедуваат искуство за надградба на оружјето и магијата и го надополнуваат мерачот на Гневот, кој доколку е полн, овозможува користење на способноста Гневот на Боговите. Црвените топчиња се собираат и со убивање на непријателите и уништувањето на одредени неживи предмети. Играчот може да ги пронајде и собира горгоновите очи и фениксовите пердуви кои ја зголемуваат должината на здравјето и магијата редоследно.
Борба Главното оружје на Кратос се сечилата на хаосот: пар сечила прикачени на синџири обвиткани околу зглобовите и подлактиците на ликот. Во играта, сечилата може да се замавнуваат во различни маневри. Подоцна во играта, Кратос добива второстепено оружје наречено Артемидово сечило: голем меч кој нуди алтернативни можности за борба. Кратос, исто така, учи да користи четири магични способности кои му дозволуваат да убива поединечни и повеќе цели: Зевсовата бес (која му овозможува да фрла громови на далечни цели), Погледот на Медуза, Бесот на Посејдон и Војската на Адот. Реликвијата наречена Посејдонов трозаб му овозможува на Кратос да дише под вода и да се движи низ таа средина. На почетокот на играта, Кратос стекнува посебна способност наречена Гнев на Боговите, која обезбедува привремена неповредливост и зголемена штета од нападот.
Во борба, настанот за брзо време се започнува кога играчот ослабнал силен непријател. Играчот врши низа дејства на управувачот на играта за кратко време откако сликата на неговото копче за круг ќе се појави како известување на екранот. Ова овозможува ограничена контрола на Кратос за време на кинематографската секвенца на настанот за брзо време, која, доколку е успешна, ја завршува битката; неуспехот обично резултира со ослабување на Кратос. Слична по функција е мини играта со секс што се случува кога Кратос ќе се сретне со женски близнаци; ова стана редовна функција во текот на серијата до Бог на војната: Спартански дух (2010).
Кога играта ќе се заврши, се отклучува режимот на предизвик - десет обиди наречени Предизвик на Боговите; ова бара играчите да завршат низа посебни задачи. Играчот може да отклучи бонус костими за Кратос, видеа зад сцената и концептуална уметност на ликовите и опкружувањата, како награда. Завршувањето на секое ниво на тежина отклучува дополнителни награди.
Содржина
Дејство Бог на војната е сместен во алтернативна верзија на Стара Грција населена со олимписки богови, титани и други грчки митолошки суштества. Со исклучок на назадните видувања, настаните од играта се поставени помеѓу оние од игрите Олимписки оков (2008) и Спартански дух (2010). Има шест истражени места, вклучувајќи измислени верзии на вистинскиот свет на Егејското Море и Атина, и измислени места како што се Пустината на изгубените души, Храмот на Пандора, Подземјето и кратка сцена на планината Олимп.
Поставката на Егејското Море вклучува мноштво урнати бродови. Атина е град разурнат од војна под напад на Арес, богот на војната; надвор од градот е Пустината на изгубените души, огромна и ветровита пустина со антички урнатини. Поголемиот дел од играта се случува во Храмот на Пандора, кој е окован на грбот на Титанот Кронос, кој ползи низ пустината. Масивниот храм, изграден од архитектот Патос Вердес III, е исполнет со стапици и чудовишта и има три дела посветени на титанскиот Атлас и боговите Посејдон и Ад, редоследно. Подземјето е огнено царство со шилести столбови полни со души и огнени верзии на претходно наидени непријатели. Атина е сцената на последната битка пред завршувањето на планината Олимп во престолната соба на Богот на војната.
Ликови Главниот јунак на играта е Кратос (гласовно глумен од Теренс Карсон), спартански воин кој им служи на олимписките богови. Други ликови вклучуваат мноштво грчки богови, како што е Атина (Керол Рагиер), божицата на мудроста и сојузникот и ментор на Кратос; Арес (Стивен Блум), Богот на војната и главен антагонист; Посејдон (Фред Таташоре), богот на морето; Афродита (Керол Рагиер), божицата на љубовта и сексуалноста; Зевс (Пол Ајдинг), кралот на боговите; Артемида (Клаудија Блек), божицата на ловот; и Ад (Нолан Норт), Богот на подземјето. Неколку богови му помагаат на Кратос со магија или оружје. Помалите ликови ги вклучуваат Атинскиот пророк (Сузан Блејксли), гробарот (Пол Ајдинг), горилникот на телото (Кристофер Кори Смит) и капетанот на бродот (Кит Фергусон). Други ликови се појавуваат во ретроспективите, вклучувајќи ја и сопругата на Кратос, Лисандра (Гвендолин Јео), неговата ќерка Калиопе, варварскиот крал и селскиот пророк (Сузан Блејксли). Играта е раскажана од Линда Хант.
Заплет Кратос е воин кој им служи на грчките богови на Олимп. Ретроспективите откриваат дека тој некогаш бил успешен, но крвожеден капетан во спартанската војска и ги предводел своите луѓе до неколку победи пред да биде поразен од варварски крал. Соочувајќи се со смртта, Кратос го повикал богот на војната, Арес, кому му ветил дека ќе му служи доколку богот ги поштеди неговите луѓе и му даде моќ да ги уништи нивните непријатели. Арес се согласил и ги врзал сечилата на хаосот, пар оковани сечила ковани во длабочините на Тартар, на својот нов слуга. Кратос, опремен со сечилата, потоа го обезглавил варварскиот крал.
Кратос водел војна по налог на Арес, на крајот предводејќи го нападот врз селото окупирано од верниците на Атина. Непознато за Кратос, Арес тајно ги пренел сопругата и ќерката на Кратос во селото; за време на неговиот бесен напад на храмот, Кратос случајно ги убил во слеп бес. Иако Арес верувал дека овој чин ќе го ослободи Кратос да стане совршениот воин, ужасниот и тажен Спартанец наместо тоа се откажал од својот залог за ропство на богот и се заколнал на одмазда против него. Пророштвото на уништеното село го проколнува Кратос со спојување на пепелта на неговото мртво семејство на неговата кожа, претворајќи го бел како пепел и го добил прекарот „Духот на Спарта“. Измачуван од кошмарите на неговото ужасно дело, Кратос се заколнал дека ќе им служи на другите богови со надеж дека ќе се ослободи од визиите.
Кога играта започнува, Кратос им служел на боговите веќе десет години. Тој ја убил Хидрата во име на Посејдон, но се изморил од неговата служба и страдање. Тој ја повикал Атина, која вели дека ако Кратос изврши едно последно дело - убиството на Арес - ќе му биде простено за убиството на неговото семејство. Арес водел војна против градот Атина поради омраза кон неговата сестра Атина, која му назначила на Кратос да го уништи Арес бидејќи Зевс ја забранил божествената интервенција. Атина го води Кратос во разурнатата од војната Атина. По чудна средба со гробарот кој го охрабрува да продолжи со својата задача, Кратос се бори до пророштвото во Атина, ја наоѓа и дознава дека единствениот начин да го победи Арес е со Пандорината кутија, митски артефакт што дава моќ да биде убиен бог.
Кратос влегува во пустината на изгубените души, а Атина му кажала дека Пандорината кутија е скриена во храмот врзана со синџири за грбот на Титанот Кронос - казна од Зевс за улогата на Кронос во Големата војна. Кратос го повикува Кронос, се качува три дена пред да стигне до влезот во храмот, совладува низа смртоносни стапици и армија од чудовишта и на крајот ја наоѓа Кутијата. Но Арес, свесен за успехот на својот поранешен слуга, го убива Кратос додека тој го напушта Храмот фрлајќи голем столб во него. Додека харпиите ја носат кутијата до Арес, Кратос паѓа во подземјето. Тој се бори низ огненото царство на мртвите и со помош од мистериозниот гробар, кој му кажува дека Атина не е единствениот бог што го чува, тој бега и се враќа во Атина.