Окситанија (; ; ) ― административен регион во Франција, основан на 1 јануари 2016 година со здружување на поранешните региони Лангдок-Русијон и Југ-Пиринеи. На 28 септември 2016 година, Државниот совет го одобрил името Окситанија за новоформираниот регион, а одлуката стапила на сила на 30 септември 2016 година.
Современиот административен регион е именуван по историскиот регион Окситанија. Регионот Окситанија во денешните граници во најголема мера ја зафаќа територија со која владееле грофовите од Тулуз во 12 и 13 век. Во 2015 година, во Окситанија имало 5.839.867 жители.
Географија Окситанија е втор по големина регион во континентална Франција, зафаќа површина од 72 724 km2; има население од 5,845,102 (2017). На југоисток излегува на Средоземно Море, се граничи со Прованса-Алпи-Азурен Брег на исток, Оверњ-Рона-Алпи на североисток и Нова Аквитанија на запад и северозапад, како и со државите Андора (Каниљу, Анкам, Ла Масана, Урдину) и Шпанија (Арагон и Каталонија) на југ.
Поголеми населени места мини| Тулуза, префектура и најголем град во Окситанија Најголеми комуни во Окситанија се (во 2017):Téléchargement du fichier d'ensemble des populations légales en 2017, INSEE
Тулуза (479.553) Монпелје (285.121) Ним (150.610) Перпињан (120.158) Безиер (77.177) Монтобан (60.810) Нарбона (54.700) Алби (50.759) Каркасон (47.365)
Економија Бруто домашниот производ (БДП) на регионот во 2018 година бил 171,2 милијарди евра, што претставува 7,3% од францускиот БДП. БДП по глава на жител приспособен на куповната моќ бил 26.000 евра или 86% од просекот на ЕУ27 истата година. БДП по вработен бил 102% од просекот на ЕУ.
Поврзано
Лангедок-Русијон Југ-Пиринеи Региони во Франција
Наводи
Надворешни врски
Спојување на регионите - Франција 3 Регион Окситанија/Пиринеи-Медитеран -
Категорија:Централен Масив Категорија:Држави и територии настанати во 2016 година Категорија:Региони во Франција Категорија:Окситанија Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците