Севр Ниортез (, ) — река во западна Франција, долга 158 км која минува низ регионите Нова Аквитанија и Лоарски Крај, и се влева во Атлантскиот Океан. Изворот ѝ е во департманот Де Севр, во близина на Севре, северно од Мел.

Тече низ следните департмани и градови:

Дe Севр: Сен-Мексен-л'Екол, Ниор Вандеја: Дамвикс Приморска Шаранта: Маран

Се влева во Атлантскиот Океан северно од градот Ла Рошел. Најголем град покрај реката е Ниор, по што и го добила името името Севр Ниортез, што ја разликува од Севр Нантез. Нејзини најголеми притоки се Вандеја и Отиз.

Наводи

Категорија:Реки во Франција Категорија:Реки во Нова Аквитанија Категорија:Реки во Лоарскиот Крај Категорија:Реки во Де Севр Категорија:Реки во Вандеја Категорија:Реки во Приморска Шаранта