Вангел Георгиев Иванов Шатев ( во — во ) — македонски борец. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.

Животопис Во периодот од 1936 до 1938 година, Вангел членувал во нелегална младешка комунистичка организација во која исто така членувале и Галчо Василев, Јордан Ризов, Атанас Аџилев и уште неколку младинци од селото Влахи. Како заповед од повисоките нивоа на комунистичката партија, до нив стигале барање да извршуваат разни противопштествени работи. Помеѓу сите дејности, од нив било побарано да се сквернави Божјиот храм, со тоа што би го користеле како тоалет. На оваа задача Вангел, најкатегорично се спротивставил како и на други слични барања упатени кон нив. Со тоа предизвикал гнев на неговите соборци и поради тоа бил исклучен од групата, анатемисан како предавник, како измамник на комунистичкиот идеал. Неговите "другари" не се задоволиле само со тоа, па откако го дочекале 9-то септемврискиот преврат, на 2 ноември, 1944 година решаваат да го убијат на најжеток и мачен начин. Еден од неговите убијци - Галчо Василев се пофалил на следниов начин:

После тоа полужив бил фрлен во кладенец во месноста Галчовото во Кресна.

Наводи

Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски дејци Категорија:Македонски борци Категорија:Жртви на комунистичкиот режим во Бугарија