Севр Нантез (, ) — река во Лоарскиот Крај во западна Франција. Таа е лева притока на Лоара. Нејзината вкупна должина изнесува 141,8 км. Извира во департманот Де Севр, во близина на Секондињи. Тече од југ кон север низ департманите и градовите наведени подолу, и се влева во реката Лоара во градот Нант. Според градот го добила името Севр Нантез, со што се прави разлика со појужната Севр Ниортез.

Департмани и општини по нејзиниот тек Списокот е подреден од изворот до устието: Де Севр: Монкутан, Ла Форе-сир-Севр Вандеја: Сен Лоран-сир-Севр, Мортањ-сир-Севр, Тифож Мен и Лоара: Ле Лонжерон, Торфу Атлантска Лоара: Клисон, Ле Пале, Верту, Резе, Нант

Целосниот список е на француската страница за оваа река.

Пловност Реката е пловна во должина од 21,5 км, од селото Мониер до сливот. Има брана (Шосе де Моан) и преводницата кај Верту, отворена за бродови еден час пред и по плимата во Пон-Русо, во предградието на Нант. Реката е важен ресурс за туризмот во областа. Вон пловидбениот дел, реката е популарна дестинација за кануистите. Нејзината лева притока Мен е исто така пловна во должина од 6 км, до Шато-Требо. Порано тука имало преводница (денес напуштена) со што се овозможувала пловидба подалеку спротиводно.

Наводи

Категорија:Реки во Франција Категорија:Реки во Нова Аквитанија Категорија:Реки во Лоарскиот Крај Категорија:Реки во Де Севр Категорија:Реки во Вандеја Категорија:Реки во Приморска Шаранта