Даниел Крег (англиски: Daniel Craig; роден на 2 март 1968 година во Честер) — англиски глумец што стекнал меѓународна слава глумејќи го тајниот агент Џејмс Бонд во 5 продолженија, почнувајќи од Казино Ројал (2006) до Нема време за умирање (2021).
Животопис Даниел Раутон Крег е роден во Честер, Чешир на 2 март 1968 година. Во 1972 година, по разводот на неговите родители, Даниел и неговата постара сестра Леа останале со нивната мајка, и се преселиле прво во Ливерпул, а потоа во Хојлејк, каде што Макс Блонд, познат уметник, станал негов очув.
Крег почнал да глуми во училишни претстави на шестгодишна возраст. На 14-годишна возраст во 1982 година, имал улоги во Ромео и Јулија и Пепелашка во средното училиште Хилбре. Во 1984 година, бил примен во Националниот младински театар и се преселил во Лондон.
Кариера
1992–2005: Рани улоги и пробив мини|Крег со продуцентот Мајкл Г. Вилсон во јуни 2006 година, на снимањето на Казино Ројал Својата актерска кариера ја започнал во 1992 година, и глумел помали филмски улоги и во неколку серии. Во 1996 година, во драмската серија на БиБиСи Нашите пријатели на север Крег го глумел проблематичниот Џорџ „Џорди“ Пикок. Со улогата во оваа серија се смета дека Крег направил пробив на својата кариера во филмот.
Вниманието на филмската јавност го привлекол со улогите во независната драма Љубов и бес; биографската драма Елизабет, во која го глумел језуитскиот свештеник Џон Балард, кој бил погубен поради заговор да се убие кралицата Елизабета I од Англија и телевизискиот филм на BBC Љубовта е ѓавол (1998), во кој Крег го глумел малолетниот крадец Џорџ Даер кој станува љубовник и муза на сликарот Френсис Бејкон.
Крег во драмата Некои гласови (2000) глумел шизофреничар кој откако бил отпуштен од психијатриска болница се заљубува во една жена (ја игра Кели Мекдоналд). Исто така во 2000 година, Крег заедно со Тони Колет глумел во мрачната комедија Хотел Сплендид и во Сонував за Африка, заснован на животот на Куки Галман (ја игра Ким Бејсингер). Во Лара Крофт: Томб Рајдер (2001) Крег го глумел човекот во кого е заљубена Лара Крофт (во улога на Анџелина Џоли). Подоцна признал дека ја прифатил улогата во слабо рецензираниот, но комерцијално успешен филм само заради пари.
Во 2002 година, следел криминалниот филм „Пат до пропаста “ со Том Хенкс и Пол Њуман, во кој го глумел ирскиот мафијаш Конор Руни, син на шефот на криминалната организација. Исто така го глумел германскиот теоретски физичар Вернер Хајзенберг во телевизиската драма на Би-Би-Си Копенхаген (2002), која прикажува како Хајзенберг бил вклучен во германскиот проект за јадрено оружје за време на Втората светска војна. Во театарот „Ројал Корт“, во периодот од септември до ноември 2002 година, Крег глумел заедно со Мајкл Гамбон во оригиналната продукција на драмата „Број “ од Керил Черчил. Крег бил номиниран за најдобар актер од London Evening Standard Theatre за неговата улога на човек кој е двапати клониран од неговиот татко. Следната година, во биографскиот филм Силвија (2003) кој ја прикажува романсата меѓу двајцата поети; Даниел Крег го глумел поетот Тед Хјуз, а Гвинет Палтроу ја имала улогата на Силвија Плат. Истата година, тој се појавил во филмот Мајка како човек кој се впушта во афера со многу постарата мајка (ја игра Ен Рид) на неговата љубовница и најдобра пријателка.
Криминалистичкиот трилер Layer Cake, во режија на Метју Вон, го глуми Крег како неименуван снабдувач на кокаин од Лондон познат само како „XXXX“ во насловите на филмот. Кевин Краст, пишувајќи за Лос Анџелес Тајмс, ја пофали „неверојатно пристојната изведба“ на Крег, додека Роџер Еберт мислеше дека тој е „фасцинантен“ во филмот. Крег потоа глумеше како човек кого го демне странец (го игра Рис Ајфанс ) откако заедно беа сведоци на смртоносна несреќа во Enduring Love (2004).
Крег се појавил во три театарски филмови во 2005 година; во сите имал споредна улога. Прво се појавил во трилерот Лудачка кошула со Адриен Броди и Кира Најтли во главните улоги. Потоа во унгарскиот филм „Без судбина“ како наредник во војската на САД. И конечно се појавил во Минхен, во режија на Стивен Спилберг, како јужноафрикански возач кој е дел од тајната израелска владина мисија за убиство на 11 Палестинци, наводно вмешани во минхенскиот масакр на Летните олимписки игри во 1972 година. Исто така, во 2005 година, Крег глумел во телевизискиот филм на Би-Би-Си Архангел - заснован на романот на Роберт Харис - како англиски академик кој наоѓа тетратка за која се верува дека му припаѓала на Јосиф Сталин.
2006–2021: Џејмс Бонд и светска слава десно|мини| Крег на премиерата на филмот Трошка надеж во Њујорк во ноември 2008 година Во 2005 година, Крег бил контактиран од Еон продукција за да го глуми Џејмс Бонд. На почетокот, не бил сигурен дали да ја прифати улогата. Крег е прв актер кој го глуми Џејмс Бонд, а кој е роден по почетокот на серијата за Бонд и по смртта на Ијан Флеминг, писателот на романите.
Кастингот на Крег како Бонд предизвикало контроверзии поради неговиот физички изглед. Некои обожаватели сметале дека русокосиот и 1,78 метри високиот Крег не одговара на ликот на повисокиот, темнокос Бонд глумен од претходните актери. За време на снимањето имало интернет кампањи преку кои луѓето го изразувале своето незадоволство и се заканувале дека ќе го бојкотираат филмот во знак на протест. Иако изборот на Крег бил контроверзен, многу актери јавно ја изразиле својата поддршка. Меѓу нив биле и четири од петте актери кои претходно го глумеле Бонд - Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан и Тимоти Далтон.
Првиот филм, Казино Ројал, бил премиерно прикажан на 14 ноември 2006 година и заработил 594 239 066 американски долари , со што во тоа време станал филм за Бонд со најголема заработка. По објавувањето на филмот, Крег добил признание од критичарите за неговата глума. Покрај во Казино Ројал, Крег се појавил во два други филма во 2006 година: драмата Озлогласен како масовниот убиец Пери Едвард Смит и го позајмил гласот на главниот лик во англиската верзија на францускиот анимиран филм Ренесанса. Во 2006 година, Крег бил поканет да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки.
Во 2007, Крег заедно со Никол Кидман глумел во научнофанатастичниот хорор филм „Инвазија“, кој наишол на негативен прием. Го глумел Лорд Азриел во Златен компас, филмска адаптација на романот од Филип Пулман. Во 2008 година, покрај во Трошка надеж, Крег заедно со Емилија Фокс глумел во драмата „Сеќавањата на една будала“ (Flashbacks of a Fool); иако филмот бил негативно примен, изведбата на Крег била пофалена. Во 2008 година, се појавил и во воениот филм Пркос (Defiance) во улога на Тувија Биелски, водачот на еврејските партизани во Белорусија за време на Втората светска војна. лево|мини| Восочна фигура на Крег како Џејмс Бонд во музејот Мадам Тисо во Лондон Есента 2009 година во театарот Шенфелд на Бродвеј глумел заедно со Хју Џекмен во драмата „Постојан дожд “, за која добил позитивни критики. Во август 2010 година, Крег го глумел новинарот Микаел Бломквист во Девојката со тетоважа на змеј. Следната година, ја имал главната улога во Куќа од соништата, психолошки трилер во режија на Џим Шеридан, а во кој глумеле и Рејчел Вајс, Наоми Вотс и Мартон Чокас. Имал претежно негативни критики и ниски приходи. Крег потоа заедно со Харисон Форд и Оливија Вајлд глумел во Каубојци и вонземјани, американски научнофанатастичен вестерн филм. Истата година, Крег го позајмил својот глас во анимираниот филм на Стивен Спилберг „Авантурите на Тинтин“ (2011).
Третиот филм за Бонд кој го глуми Крег требало премиерно да се прикаже на 19 април 2010 година но бил одложен поради финансиски проблеми; филмот со наслов Скајфол, на крајот бил објавен на 23 октомври 2012 година. Истата година, го глумел Џејмс Бонд во краткиот филм <i id="mwAl8">Среќни и славни</i>, во кој ја придружувал кралицата Елизабета Втора на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2012 година. Од октомври 2013 до јануари 2014 година, тој и неговата сопруга Вајс глумеле во бродвејската претстава насловена Предавство. Четвртиот филм за Бонд на Крег, Спектра, започнал со снимање во декември 2014 година и бил објавен на 26 октомври 2015 година. Неговите први четири филмови за Бонд заработиле 3,5 милијарди долари на светско ниво (по прилагодување со инфлацијата).
Пред почетокот на Invictus игрите кои во септември 2014 година се одржале во Лондон, Крег заедно со други уметници и спортисти, во промотивно видео ја прочитал песната „Invictus“. Незабележано се појавувил во филмот од 2015 година Војна на ѕвездите: Моќта се буди. Крег во Театарската работилница Оф-Бродвеј во Њујорк кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година глумел во современата продукција на трагедијата од Вилијам Шекспир - Отело. Крег го глумел главниот антагонист, Јаго. Во 2017 година, Крег глумел во комедијата од Стивен Содерберг, Логан Лаки, во кој двајца браќа вршат грабеж за време на трката НАСКАР. Во 1992 година Крег заедно со Хали Бери глумел во драмата „Кралеви“ кој премиерно бил прикажан во септември 2017 година.
Во 2019 година, Крег глумел во црната комедија од Ријан Џонсон Нож во грб. Премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2019 година и добил пофалби од критичарите. Неговиот петти филм за Џејмс Бонд Нема време за умирање требало да го режира Дени Бојл и да биде објавен во ноември 2019 година, но бил одложен откако Бојл го напуштил проектот. На крајот филмот го режирал Кери Џоџи Фукунага, а кино премиерата била на 30 септември 2021 година, бидејќи неколку пати бил одложуван поради COVID-19 пандемијата.
Во вечерните емисии на Стивен Колберт и Греам Нортон, Крег рекол дека Нема време за умирање ќе биде негов последен филм за Џејмс Бонд. Два дена пред прикажувањето на филмот во САД, на Крег му била доделена ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, која се наоѓа на булеварот Холивуд 7007 (се однесува на кодот на Бонд „007“), и покрај ѕвездата на друг глумец на Бонд, актерот Роџер Мур.
2022–денес Во 2022 година, Крег на Бродвеј заедно со Рут Нега глумел во современата верзија на Макбет.
Крег исто така глумел и во Стаклен кромид, продолжение на Нож во грб. Наводно потпишал и за трет филм кој повторно ќе го режира Ријан Џонсон.
Филмографија
Филм