мини|250x250пкс|Dinner in the Sky во Вилнус, Литванија. Dinner in The Sky (во превод: Вечера на небото) ― ресторанска франшиза со седиште во Белгија, која користи кран за да ги подигне своите ресторани, масата и персоналот на чекање 46 метри во воздухот. Списанието Forbes го нарекло еден од десетте најнеобични ресторани во светот.
Dinner in The Sky има подвижни услуги достапни во 60 држави и функционира во различни градови вклучително и Париз и Лас Вегас.
Историја Во 2007 година, Дејвид Гизелс, сопственик на стопанско друштво за маркетинг и комуникации, соработувал со Стефан Керхофс, организатор на банџи-скокање, за да создаде вечера во воздух за здружението Млади ресторани на Европа (француски: Jeunes Restaurateurs d'Europe). Набргу, Гиселс и Керхофс почнале да добиваат телефонски повици од луѓе низ целиот свет кои сакале да го преземат нивниот концепт за вечера во воздух; Последователно двајцата избрале да ја франшизираат својата идеја. Гиселс рекол: „На луѓето им беше досадно само да одат во истите стари ресторани“.
Во 2008 година, жителот на Лас Вегас, Мајкл Хинден и неговата сопруга Џејн го откриле Dinner in the Sky за време на саем. На 31 декември 2008 година, Хинденс го тестирале концептот во Лас Вегас за време на новогодишната забава за нивните пријатели и деловни партнери. Во март 2009 година, Мајкл Хинден започнал да работи на Dinner in The Sky во Лас Вегас на авенијата „Вест Сахара“ за време на викендите.
До август 2009 година, Dinner in the Sky функционирал во повеќе од десетина земји, вклучувајќи ги Канада и Кина. Тогаш Хинден планирал да го пресели својот ресторан во Ласвегашкиот Појас, во празна зграда која била користена како продажна канцеларија за Trump International Hotel. Хинден имал 15 вработени во ресторанот, и се надевал дека ќе започне со работа шест дена во неделата на новата местоположба. Сепак, Стив Вин, сопственик на имотите Wynn и Encore од другата страна на улицата, се спротивставил на планот, нарекувајќи ја Dinner in the Sky „знаменитост слична на карневал". Исто така, Boyd Gaming се спротивставил на преместувањето, што би го сместило ресторанот во близина на неговиот проект Echelon Place. Плановите за преместување на Хинден биле отфрлени од окружните службеници кои забележале загриженост за безбедноста и сметале дека таков ресторан не припаѓа на Ласвегашкиот Појас.
Во јануари 2013 година, во тек биле планови за нова, постојана местоположба во Лас Вегас, во близина на CityCenter. Новата местоположба требала да чини 4 милиони долари, вклучувајќи и ресторан и бар на земја. Во јуни 2013 година била одржана церемонија на поставување камен темелник на местото во Лас Вегас и ресторанот бил првата постојано место на претпријатието.
Наводи
Службена мрежна страница Видео во Dinner in The Sky
Категорија:Забавни атракции Категорија:Ресторани во Белгија Категорија:Синџири на ресторани