Ѓурѓа Клингова - Баба Ѓоша ( во — ) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.

Животопис Таа многупати во минатото ја пречекувала четата на Јане Сандански. Родила и одгледала пет деца. Еден од нив бил Христо Клингов. На нејзини 69 години станала јатак на Петар Грков - Пецето. На почетокот на блокадата, Пецето останал сам и некако успеал да дојде до селото Ракитна, високо над селото Брежани и побарал прибежиште кај баба Ѓоша, која најљубезно го примила и го криела. Биле многу вознемирени од можноста дека полицајците на Антон Југов би можеле да ги пронајдат, па таа спремила скривалиште на место кое не било воопшто сомнително. За да можел Грков слободно да се движи до скривалиштето, Ѓоша го облекла во нејзини алишта, му врзала црна шамија на главата и му дала бастум за да се потпира на него. До самото самоубиство на Грков, баба Ѓоша непрекинато се грижела за него.

Поврзано

Христо Клингов Петар Грков Наз'лка Клингова

Наводи

Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски дејци Категорија:Жртви на комунистичкиот режим во Бугарија