мини|Споменик на НОБ во Прждево на кој се испишани имињата на селаните стрелани од германските фашисти на 6 октомври 1944 година. Масакр во Прждево — масовно стрелање на македонските селани од страна на германските фашисти извршено на 6 октомври 1944 година.
Настан мини|Спомен чешма во Прждево со имињата на стреланите селани. Со цел да обезбедат посигурно минување по линијата Солун-Скопје-Белград, германските единици решиле да зададат удар кон народноослободителното движење во реоните каде поминувала железничката линија. На 6 октомври 1944 година навлегле во село Прждево и ги стрелале селаните:
Вано Минов Галепче Стојанов Димо Колев Трајко Колев Ѓело Захарчев Милан Стојанов Димитар Стојанов Јано Петров Камче Димитров Милан Стојанов Јано Божев Лазо Ристов Димо Бошев Донка Захарчева Игнат Петров Софка Наумова Тодор Илиев Ристо Младенов Камче Шнајдерот Неде Трајков Тодор Лазаров
Според народната песна „Прждевчани браќа мили“, тие биле стрелани „горе кај школото, меѓу двете чешми“
Песна посветена за жртвите
Наводи
Надворешни врски Одбележани 73 години од стрелањето партизани и селани во Прждево и Бесвица 72 години од стрелањето на жители на селата Бесвица и Прждево ДЕМИР КАПИЈА / 75 ГОДИШНИНА ОД СТРЕЛАЊЕТО НА ЦИВИЛИ ВО СЕЛАТА БЕСВИЦА И ПРЖДЕВО И ОБЕСЕНИТЕ ПАРТИЗАНИ.
Категорија:Масакри во Македонија Категорија:Македонија во Втората светска војна