Стојне Цветков Бачијски ( — ) — бугарско воено лице и дисидент. Тој бил жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија. Животопис Полковникот Стојне бил само неколку дена заедно со четата, кога се чекало воспоставување на каналот кон Грција. Блокадите започнале, па така и тој како и сите други нелегални борци и активисти, бил фатен и обвинет за вооружен заговор против „народната“ власт. Бил осуден на смрт и бил обесен ноќта помеѓу 18 и 19 мај, 1949 година во една од смрдливите простории на судската палата во Горна Џумаја.
Заедно со него обесени биле и: Асен Михајлов, Јанчо Јанев, Георги Тополигов, Андреја Спасов, Смилен Гаргов и Димитар Цветков.
Наводи
Категорија:Бугарски офицери Категорија:Бугарски дисиденти Категорија:Жртви на комунистичкиот режим во Бугарија