Удовски Остров — речен остров во Вардар кај селото Удово, во југоисточниот дел на Македонија. Островот е најголем од групата на Удовските Острови. Тој е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е најголем речен остров (средорек) во Македонија.
Опис Удовскиот Остров е долг околу 650 м и широк околу 120 м, а зафаќа површина од околу 6 ха.Милевски, И. (2013). „За островите во Република Македонија“. Географски разгледи, 47: 31–46. Бреговата линија на островот е долга 1,4 км. Над островот минува мост кој ги спојува селата Удово и Давидово, долж регионалниот пат 1105.
Галерија
Поврзано Удовски Острови Речни острови во Вардар Удово Вардар
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Речни острови во Вардар Категорија:Удово