Вуковарска Ада () ― спорен остров односно средорек на реката Дунав. Се наоѓа во близина на градот Вуковар, Хрватска.

За време на постоењето на СФР Југославија островот бил дел од СР Хрватска. Во 1991 година Хрватска прогласила независност. Мислењето на Бадентеровиот арбитражен комитет било дека границите меѓу републиките треба да станат граници меѓу земјите,Decision of Badinter committee , ejil.org; пристапено на 26 февруари 2023. но тој бил под српска контрола како и другите делови на Источна Славонија, Барања и Западен Срем (источна Хрватска) во тоа време. Во Хрватската војна за независност, Југословенската народна армија и српските паравоени сили го зазеле островот. По Ердутскиот договор во 1998 година, Источна Славонија, Барања и Западен Срем биле повторно споени со Хрватска, но Вуковарската Ада била оставена под контрола на СР Југославија, како и Шаренградската Ада. 

Во 2004 година Србија и Црна Гора во голема мера ја повлекла својата војска од островот, но полицијата целосно ја презела граничната контрола во 2006 година.

Во 2006 година, плажите на островот беа отворени за јавноста за прв пат по војната. Vukovarska Ada nakon 16 godina otvorena za kupanje, dnevnik.hr; пристапено на 26 февруари 2023. Островот го одржува вуковарското Спортско рекреативно друштво Дунав. На хрватските граѓани, за прв пат по 16 години, им било дозволено на островот без пасоши или гранични дозволи. Овој граничен режим се применува во текот на летните месеци (до 15 септември) од 7 до 20 часот.

Еден дел од мировните договори бил краткорочниот договор дека Хрватска ќе го контролира западниот дел, а СР Југославија (Србија) источниот дел на Дунав.Map of island and provisional deal in Croatian , vjesnik.hr; пристапено на 26 февруари 2023. Службениот српски став е дека мислењето на Бадентеровиот арбитражен комитет е неважечко и дека овој краткорочен договор меѓу Хрватска и Србија треба да биде идната граница меѓу државите, така што Вуковарската Ада е дел од Србија бидејќи е поблиску до српскиот брег. Serbian rejection of Badinter Arbitration Committee decision], novosti.rs; пристапено на 26 февруари 2023.

Во изјава за хрватскиот дневен весник „Novi list“ во февруари 2012 година, тогашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, рекол дека на двете земји им треба флексибилно решение за граничните спорови на реката Дунав, кое ќе биде комбинација од решенијата предложени од двете земји. Хрватскиот претседател рекол дека какво и да е усвоеното решение, би било добро Вуковарската Ада на крајот да остане на хрватската страна на границата.

Поврзано

Граничен спор меѓу Хрватска и Србија Список на територијални спорови

Наводи

Категорија:Спорни острови Категорија:Речни острови во Србија Категорија:Српско-хрватска граница Категорија:Острови на Дунав Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Географија на Вуковарско-сремската Жупанија Категорија:Територијални спорови на Србија Категорија:Територијални спорови на Хрватска Категорија:Територијални спорови на Србија и Црна Гора Категорија:Речни острови во Хрватска