„Бојс“ (германски: Beuys) — документарен филм на германскиот режисер Андрес Фајел (Andres Veiel) од 2017 година.Beuys, dokumentarni film (пристапено на 26.2.2023)

Синопсис Врз основа на претходно необјавени аудио-снимки и видео-снимки, во филмот се прикажува портретот на големиот германски уметник Јозеф Бојс. Тој бил првиот германски уметник кому му била одобрена самостојна изложба во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк, додека во исто време во Германија неговото творештво било исмејувано како „најскапиот отпад на сите времиња“. На прашањето, дали е рамнодушен кон таквите коментари, Бојс одговорил: „Да, сакам да ја проширам човековата перцепција.“ Во филмот, Бојс зборува за себе како уметник, учител и кандидат на Партијата на зелените.

Наводи

Категорија:Филмови на Андрес Фајел Категорија:Документарни филмови Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови за сликари Категорија:Филмови на германски јазик