Рубидиум бромид — неорганско соединение кое ебромид на рубидум. Има кристална структура на натриум хлорид, со константа на решетка од 685 пикометри.
Постојат неколку методи за синтеза на рубидиум бромид. Еден од нив вклучува реакција рубидиум хидроксид со бромоводородна киселина:
RbOH + HBr → RbBr + H2O
Друг метод е да се неутрализира рубидиум карбонат со бромоводородна киселина:
Rb2CO3 + 2 HBr → 2 RbBr + H2O + CO2
Металот рубидиум би реагирал директно со бром за да формира RbBr, но ова не е разумен метод на производство, бидејќи металот рубидиум е значително поскап од карбонатот или хидроксидот; згора на тоа, реакцијата би била експлозивна.
Наводи
Категорија:Соединенија на рубидиумот Категорија:Бромиди Категорија:Метални халиди