Пателска ветерница () — историска ветерница за мелење брашно во селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија.

Ветерницата е изградена од камен и има кружен облик. Ѕидовите се подебели кон основата и потенки нагоре. Има дрвен покрив со ќерамиди. Денес недостасуваат внатрешниот механизам, мелничкиот камен и ветерните перки.

Во 1986 г. ветерницата е прогласена за споменик на културата како пример за традиционалната архитектура на ова подрачје.

Наводи

Категорија:Мелници во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Суровичево (општина)