Светивасилска кула () — византиска кула во селото Свети Васил, Лагадинско, Егејска Македонија. Висока е 15 метри, а изградена е во XIV век и веројатно не служела за заштита на селото, туку е поврзана со доставата на стоки од риболовот и земјоделството кои доаѓале од езерото и околните плодни подрачја.
Според преданието, кулата и селото се наречени по царот Василиј I Македонецот од IX век. Постои хипотеза дека кулата е уште постара, подигната во времето на царот Константин VII Порфирогенит во X век. Морфолошките податоци ја отфрлаат оваа верзија, но не е познато дали сепак на ова место немало постара градба која постоела во X век.Ο πύργος του Αγίου Βασιλείου
Во 1969 г. кулата е прогласена за споменик на културата.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Лагадина (општина)