Циганска кула () — доцносредновековна тврдина во селото Мандраџик, Валовишко, Егејска Македонија.

Историја Тврдината датира од доцновизантиско време. Денес ѕидината е дел од селските гробишта.

Во 1894 г. Густав Вајганд напишал: „стигнавме по добар пат во околината на селото Мандраџик. Посред таканаречената Циганска кула стигнавме во селото. Просторот на оваа кула има квадратен облик и е обработен со една ѕидина, широка до еден метар, а висока 2-5 метри. На некои места се гледаат траги од прозорци, но не се забележуваат никакви украси, ниту пак натписи. Луѓето кажуваат дека тука некогаш живеел циганскиот крал.“

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Синтика