„Капетанот Леши“ — филм на режисерот Жика Митровиќ (кој е автор и на сценариото) од 1960 година. Главните улоги ги играат: Александар Гавриќ, Петре Прличко, Марија Тоциноски, Елма Карлова итн. Филмот е еден од најпопуларните и комерцијално најуспешните филмови во Југославија. Според жанрот, тој спаѓа во партизанските филмови, но режисерот настојувал да ги отстрани елементите од официјалната идеологија, а дејствието и ликовите да ги моделира според вестерните, ставајќи го нагласокот врз акцијата и хуморот. Покрај филмот, голема популарност стекнала и насловната песна, а потоа одредено време излегувал и истоимениот стрип. РТС, Капетан Леши (пристапено на 3.3.2023)

Синопсис Рамиз Леши е партизански капетан од албанска националност кој има задача да ги ликвидира заостанатите балистички банди во Косово, во периодот по завршувањето на Втората светска војна. Меѓутоа, меѓу балистите се наоѓа и неговиот брат. Сепак, капетанот Леши успева да ги уништи балистичките одреди и својот брат да го врати на вистинскиот пат.

Наводи

Категорија:Филмови на Жика Митровиќ Категорија:Филмови со Александар Гавриќ Категорија:Филмови со Петре Прличко Категорија:Филмови со Елма Карлова Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Абдурахман Шаља Категорија:Филмови со Марија Тоциноски Категорија:Филмови со Дарко Дамески Категорија:Филмови со Јован Ранчиќ Категорија:Филмови со Душан Антонијевиќ Категорија:Филмови со Душан Тадиќ Категорија:Филмови со Душан Перковиќ Категорија:Филмови со Ацо Алексов Категорија:Филмови со Димитар Ќостаров Категорија:Филмови од 1960 година Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Партизански филмови Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на Славија филм Категорија:Филмови чие дејствие се одвива на Косово