мини|Спомен плоча на зградата на старо училиште во Бачевци Дарја Александрова Коробкина родена во Петроград, била медицинска сестра и доброволец како припадник на петтиот пешадиски полк на Дринската дивизија. Во тогашните извештаи се пишува за нејзината извонредна храброст, за тоа што „деноноќно“ ги преврзувала ранетите Срби на отворено, можела во еден ден да им пружи медицинска помош на 120 војници.
Таа починала на 2 октомври 1914 година за време на тешките борби на Еминовите води, на планината Гучево, заедно со еден српски офицер.
Подоцна Српските Новини кои се издавале на Крф, објавиле песна за херојството на Дарја Коробкина која ја напишал српскиот поет Милосав Јелиќ, кого таа го спаси со сопствените раце. Песната ги содржи следните редови:
А Дарја нас помилује руком Ране веће и тежи и жали Кад би знали Руси, кад би знали...
Во нејзина чест прво и подигнале спомен плоча во Гучево во 2014 година и споменик 2018 година, покрај Спомен костурницата и спомен-плоча во Бачевци кај Бајина Башта во 2016 година.
Поврзано
Хероини од Првата светска војна во Србија
Наводи
Надворешни врски
Споменик на Дарија Александровна на Еминовите води , пристапено на 14 јули 2018 година.
Категорија:Починати во 1914 година Категорија:Родени во 1888 година Категорија:Жени Категорија:Родени во непозната година