Лопушнец — некогашно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лерин, Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на билото Кула, разгранка на планината Вич, југоисточно над Горно Неволјани.
Историја Лопушнец се распаднал на почетокот на XIX век поради разбојнички банди. Меѓу Лопушнец и Калуѓерица, крај патот по билото останата е срушената црква „Св. Троица“ која ја посетувале жителите на Лопушнец и Калуѓерица.
Наводи
Категорија:Историски села во Лерин