Ѓолаја или Арџан (, Дојрани, Αρτζάν, Арѕан, Αγιάκι, Ајаки) — река во Дојранско и Кукушко, Егејска Македонија.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
Местоположба Реката е единствениот истек на Дојранското Езеро. Името и доаѓа од турскиот поим ѓол, што значи „езеро“. Излегува од јужниот крај на езерото, кај селото Дојран. Тече на југ и минава низ Владајската Клисура источно од селото Владаја. Проаѓа источно од Крондирци и Хрсово, западно од Новоселјани, па ја прима големата лева притока Кара Су и нагло свртува на запад. Под името Арџан минува северно од Маловци, јужно од Мијалово и свртува на југ. Тука по течението на реката во минатото биле последователно сместени блатата Арџанско и Аматовско Езеро, пресушени во 1928 – 1932 г. Арџанското Езеро на почетокот на XX век е претворено во вештачка акумулација. По акумулацијата, реката влегува во регулиран канал и се влева во Вардар како негова лева притока јужно од Вардаровци.
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Вардар Категорија:Кукуш Категорија:Пајонија (општина)