Благоја Чешларов (, 1 март 1933 - , 19 ноември 1985) ― југословенски-македонски трубач, музички педагог, продуцент.

Животопис Ран живот и образование Благоја Чешларов бил роден на 1 март 1933 година во Штип. Основното училиште го завршил во Штип, додека средно образование стекнал во Средното музичко училиште во Скопје. Потоа се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје.

Кариера Во 1960-тите години работел како наставник во ОУ „Владимир Илич Ленин“. Тој е еден е од основачите на забавниот (танцов) оркестар при македонското Радио Скопје заедно со Драган Ѓаконовски-Шпато, Ладислав Палфи. Подоцна станал прва труба на танцовиот оркестар на Радиото до средината на 1970-тите година кога преминал во новосоздадената музичка продукција при истото радио. Потоа бил главен уредник и продуцент на музичката продукција при Радио Скопје. Во 1976 година е главен сновач е на вокално-инструменталниот состав „Македонија“, во тоа време составен од познатите македонски пејачи и студиски музичари меѓу кои како вокали: Панче и Невена Кочовски, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Зорица Попанкова, Кирчо Поп Лазаров; како инструменталисти: Крсто Таушанов, Марио Липша, Радослав Шутевски, Драган Вучиќ, Томе, Бошко Во 1980 година бил директор на тогаш престижниот Опатиски фестивал како претставник на македонската Радио-телевизија.

Смрт Починал во Белград на 19 ноември 1985 година.

Дискографија Синглови Молчи, молчи, јануари 1970, со Димитар Масевски (аранжман и музика) Последна солза, јануари 1970 со Димитар Масевски (аранжман и музика) Дај ми молњи, јануари 1972 со Владо Димитровски (тапани), Никола Кимовски-Коле (органа), Љубомир Бранѓолица (композитор) Waltz, јануари 1985

Проширени изданија Сонувам за љубовта, јануари 1972 со Драган Ѓаконовски-Шпато (диригент), E. Polite (музика), Родриго Видре (музика)

Наводи

Надворешни врски Благоја Чешларов на Музички регистар Благоја Чешларов на Discogs.com Музичките дела на Благоја Чешларов на Youtube

Категорија:Македонски трубачи Категорија:Македонски музички продуценти Категорија:Македонски музички уредници Категорија:Југословенски трубачи Категорија:Југословенски музички продуценти Категорија:Југословенски музички уредници