Вонгалактичка планета или вонгалактичка вонсончева планета е планета која се наоѓа надвор од галаксијата Млечен пат. Поради огромните растојанија, тие многу тешко би можело да се детектираат директно. Сепак, постојат индиректни докази дека таквите планети постојат. Досега најдалечните познати планети, SWEEPS-11 и SWEEPS-04, кои се наоѓаат во соѕвездието Стрелец, оддалечени приближно 27,710 светлосни години од Сонцето, додека Млечниот пат има дијаметар помеѓу 100,000 и 180,000 светлосни години. Тоа значи дека дури и планетите во нашата галаксија кои се наоѓаат на поголемо растојание досега не се детектирани.
Наводи
Категорија:Вонгалактичка астрономија Категорија:Видови планети