Кудиги - италијанско-американско јадење кое се состои од италијански колбас зачинет со слатки зачини кој се служи како сендвич, често со сирење од моцарела и сос од домати. Го има во горниот полуостров Мичиген, во средниот запад на САД.

Подготовка Кудиги може да се сервира на многу начини во многу италијанско-американски јадења. Како сендвич, првично се служел со сиров кромид и сенф на ролна, но денес обично се служи со сирење од моцарела и сос од домати. Дополнителни додатоци може да се печурки, кромид и зелени пиперки.

Вкусот на Кудиги варира во зависност од количеството на каранфилче и цимет присутни во мешавината.

Историја Се смета дека Кудиги прво се подготвувал од котехино, северноиталијански свеж колбас направен од свинско месо, маснотии и џимиринки. Сендвичот и неговиот карактеристичен колбас првично биле продавани во северен Мичиген од италијански имигранти во 1936 година, кои го нарекле гудиги.

Наводи

Дополнителна литература

Категорија:Култура на Мичиген