десно|мини|Нишалки во детски парк во Сушица, Струмичко. десно|мини| Нишалка на трем Нишалка, лулашка или крлашка — висечки направа за нишање кој се состои од седиште прикачено на гранка, греда или друга потпора. Најчесто ги има во паркот каде што децата и постарите можат да се лулаат на нив. Седиштето за лулање обично е направено од дрво, но може да биде направено и од други материјали за да се направи поудобно нишањето. Нишалките можат да бидат опасни доколку дојде до паѓање од нив поради премногу наведнување напред или назад или заплеткување на јажето. Затоа, тие може да имаат дополнителна ограда што го спречува паѓањето на лицето што се ниша.

Тие можат да се наоѓаат во внатрешноста на куќата или станот, а нивната намена може да биде иста (нишање) или одлагање на облека, книги, цвеќиња или други работи.

Обичаи За Ѓурѓовден, на плодно дрво се закачувала нишалка и после ручек девојките редум се нишале на неа и пееле ѓурѓовденски песни.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Детски игри Категорија:Забава Категорија:Рекреација Категорија:Обичаи