мини|Лименка лимонова сода
Лемонсода е бренд на италијански газирани безалкохолни пијалаци кои се создадени во 1940-тите од страна на миланската компанија Сага и моментално во сопственост е на Royal Unibrew.
Историја Оригиналниот вкус на Лемонсода бил лимон. Орансода и Пелмосода, газирани сокови со вкус на портокал и грејпфрут, биле воведени во следните години. Во 1980 година, брендот бил продаден на Кродо, кој станал дел од Кампри груп во 1999 година. Во текот на сезоната 2003/2004 Лемонсода била официјален спонзор на фудбалскиот клуб Лече. Во 2005 година, тоник-вода со име Тониксода бил првиот производ Лемонсода роден под брендот Кампри. Во 2010 година, биле создадени две нови верзии на традиционалната лемонсода: Лемонсода Зеко без шеќер и Мохитосода, безалкохолен коктел кој е направен со сок од лимон и вкус на нане, со вкус на мохито коктел. Во октомври 2017 година, брендот Лемонсода бил продаден на Royal Unibrew за 80 милиони евра.
Наводи
Надворешни врски Лимонсода во Остеррајх од Гинтер Кенезеи Спорт менаџмент
Категорија:Италија