Мари Дион Ворвик (англиски: Dionne Warwick; родена на 12 декември 1940) е американска пејачка, глумица и телевизиска водителка.

Ворвик е рангирана меѓу 40-те најголеми американски хит пејачи во периодот од 1955 до 1999 година, врз основа на пласманот на нејзините песни на Билбордовиот Hot 100. Таа се наоѓа на второ место на листата на пејачки од рок ерата (1955-1999). Таа, исто така, е една од најпознатите вокали на сите времиња, а во периодот од 1962 до 1998 година 56 нејзини песни се нашле на Hot 100 листата (12 од нив на Топ десет), и вкупно 80 песни - соло или во соработка - на Hot 100., R&B или adult contemporary листата. Дион се наоѓа на 74-то место на Билбордовата листа „Најдобри уметници на сите времиња“.

Во текот на својата кариера, Ворвик продала преку 100 милиони плочи ширум светот и има освоено бројни награди, меѓу кои и шест Греми награди. Ворвик има своја ѕвезда на Булеварот на славата во Холивуд, а примена е и во Гремиевата куќа на славните, Куќата на славните од R&B музиката и Патеката на славата крај театарот Аполо. Во 2019 година, Дион Ворвик ја освоила наградата Греми за животно дело. Три нејзини песни („Walk On By“, „Alfie“ и „Don't Make Me Over“) се примени во Гремиевата куќа на славата. Таа е поранешен амбасадор на добра волја на Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Дискографија

Турнеи

Dionne Warwick Tour (1966) Dionne: 40 Anniversary Tour (2002) Soul Divas Tour (2004) An Evening with Dionne (2007) She's Back: One Last Time (2022)

Белешки

Надворешни врски

[ Страница на AllMusic] Веб-страницата VH1 Сајтот на Ролинг Стоун [ Историја на топ листите на билборд (од 1983 година)] Приказната за Scepter Records

Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американци со холандско потекло Категорија:Афроамерикански глумици Категорија:Родени во 1940 година Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Статии со hCards Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Пејачи на балади Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски соул пејачки Категорија:Американски госпел пејачки Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски глумици од 21 век Категорија:Афроамерикански пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачки од 20 век Категорија:Американски глумици од 20 век Категорија:Афроамерикански пејачки од 20 век