Секу Мара (роден на 30 јули 2002 година, во Париз) — француски фудбалер, напаѓач на Саутхемптон и на француската репрезентација под 21 година.
Биографија Секу е роден во Франција, како постариот од двата сина на Одри Креспо-Мара и Алиу Мара. Тој, исто така, има и помлад брат по име Ламин. Неговата мајка, Одри Креспо-Мара, е позната во Франција каде работи како новинарка и телевизиски водител, додека неговиот татко Алиу Мара е сенегалец и по професија претприемач. Родителите му се развеле во 2007 година.
Во моментов неговата мајка е во брак со нејзиниот телевизиски колега Тјери Ардисон од 2014 година.
Технички карактеристики Тој е централен напаѓач способен да напаѓа во длабочина.
Клупска кариера Почетоци и Бордо Мара ја започнал својата фудбалска кариера во 2011 година, кога се приклучил на младинскиот сектор на Париз Сен Жермен каде останал три сезони пред да се пресели прво во Булоњ-Биланкур, а оттаму во Бордо во 2017 година. На 17 август 2019 година, дебитирал за вториот тим на Бордо во националното првенство 2 (четвртото ниво на францускиот фудбал) постигнувајќи го погодокот за конечните 2-0 против . На 30 јули 2020 година, го потпишал својот прв професионален договор со клубот со важност до 2023 година.
Своето деби за првиот тим на Бордо го направил на 10 февруари 2021 година, во поразот со 2–0 од Тулуза во Купот на Франција. Потоа, 17 дена подоцна дебитирал во француското првенство, во поразот на домашен терен од Мец (1-2), појавувајќи се во игра од клупата во 84-тата минута на местото на Реми Удан. Тој го постигнал својот прв професионален гол во победата од 1–0 над Рен во Лига 1 на 2 мај 2021 година. Со постигнувањето на овој гол, тој станал најмладиот играч кој постигнал првенствен гол за Бордо во последните 14 години.
Саутхемптон На 25 јули 2022 година, Мара се преселил во Саутхемптон, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот од јужниот брег на Англија. Своето деби во Премиер лигата го направил на 13 август 2022, влегувајќи како замена на местото на Јан Беднарек во ремито 2-2 против Лидс Јунајтед. На 11 јануари 2023, Мара го постигнал својот прв гол за Светците во победата со 2-0 над Манчестер Сити во Лига купот. На 8 април, против истиот противник Мара го постигнал својот прв гол во Премиер лигата, во поразот на домашен терен од 1-4.
Репрезентативна кариера Мара е младински репрезентативец на Франција. Досега тој има настапувано за репрезентациите под 16 и под 17 години, како и за репрезентациите под 20 и под 21 година за кои сè уште настапува.
Статистика Статистика е ажурирана на 20 април 2022. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 Бордо 2 НПФ2 11 5 - - - - - - 11 5 2020-2021 НПФ2 3 0 - - - - - - 3 0 2020-2021 Л1 8 1 КФ 1 0 - - - - 9 1 2021-2022 Л1 26 6 КФ 1 0 - - - - 27 6Вкупно Бордо 34 7 2 0 - - - - 36 7 2022-2023 ПЛ 21 1 ФАКуп+ЛК 3+5 1+0 - - - - 29 2Вкупно во кариерата 69 13 8 1 - - - - 77 14
Наводи
Надворешни врски
Секу Мара на soccerway Секу Мара на transfermakt Секу Мара на whoscored Секу Мара на espn Секу Мара на goal.com
Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2002 година