мини|десно|Катедралата во Комо Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ (), попозната како Катедрала во Комо (Duomo di Como) — главна црква во градот Комо, Италија. Оваа катедрала во исто време е мајкатата црква на Комската епархија.

Локацијата на катедралата е во близина на езерото и претставува еден од најзначајните споменици на поширокиот реон на северна Италија. Во внатрешноста на катедралата постојат уметнички дела во вид на таписерии со потекло од XVI и XVII век, изработени во градовите Ферара, Фиренца, дури и од Брисел. Како украсни детали постојат и слики со потекло од 16 век изработени од страна на Бернардино Луини и Гауденцио Ферари.

Историја на катедралата десно|мини| Катедралата Комо. Дело изработено во техниката акварел изработено од виенскиот сликар Рудолф фон Алт.

Потекло и претходни конструкции Со исклучок на приказните поврзани легендите или пак оние кои не оставиле некои посебни историско значајни ефекти, присуството на христијанството во градот Комо може да се одбележи дека води потекло некаде од IV век. Во периодот кој е означен како либерализацијата на христијанскиот култ, воспоставен најмногу поради одредени политичките цели, од страна на царот Константин (некаде околу 313 година), а веројатно и од страна на царот Теодосиј I, христијанството било поставено како официјална религија на Римската империја (запишано и втемелено во Едиктот од Солун, 380 година).

Постои еден сигурен доказ дека членовите на старата и примитивна христијанска црква си изградиле свои места за богослужба некаде на територија надвор од градот Комо (Novum Comum). Градот Комо четири векови претходно бил населен од страна на Гај Јулиј Цезар со околу пет илјади римски колонисти. Уште во тој период градот бил опкружен со добри одбранбени ѕидови. Сигурно првите христијански храмови во градот Комо биле изградени во појасот на територијата со станбени згради, а опкружен со градските ѕидини. Овој ограден простор бил со радиус од околу „илјада чекори “ (mille passus, милја). Ѕидовите претставувале вистинска граница помеѓу градот и остатокот од територијата. Преку тоа утврдување минувал Патот Реџина. Тоа бил стариот антички пат кој ја поврзувал долината Конвал во градот Комо со градот Милано кон југ и територијата на Голема Германија кон север.

Првиот епископ на таа локална црква, бил извесенФеличе, кој во Комо пристигнал од градот Милано кон крајот на IV век. За прва станица на својота апостолска активност не го одбрал заградениот дел на градот туку приградскиот предел наречен паго Зецио, област, која веќе со векови била прошарана со нехристијански светилишта. Во подножјето на височинката Барадело Феличе ја изградил првата градба посветена на христијанско богослужење. Според некои записи или пак според одредени раскажувања на тоа место некогаш постоел храм во чест на Меркур. Се верувало дека тука некаде во близина на овој град, во извесна катедрала бил и погребан. На тоа место според верувањето од старите белешки се претставувало дека имало еден вид на базилика, која малку подоцна била посветена на Сан Карпофоро.

Епископот Аманцио, инаку вториот наследник на епископот Феличе, почнувајќи од околу 420 година, изградил нова базилика, посветена на апостолите Петар и Павле (на чија област, во XI век, Бенедиктинците ја изградиле сегашната базилика Сан Абондио).. Во просторот на базиликата Абондио го преселил своето седиште. Подоцна тука бил и погребан. Во таа базилика биле гробовите и на епископот Абондио, како и неколку епископски наследници. Преместувањето на катедралата од базиликата која се наоѓале на падините на Барадело на новата локација во Свети Петар и Павле (во рамките на приградскиот паго) се припишува на фактот дека првото седиште на базиликата било некако непријатно за потребите на богослужбите. Во наредните шеесет години се зголемиле потребите за поширок простор. Во тој период се појавиле тешкотии за воведувањето на новата религија особено од благородниците и повисоките класи на градот, кои не биле многу располжени да ги прифатат новитетите на новиот начин на богослужба. Воведувањето во новата религија главно му се припишува на делото и заложбите на епископот Абондио.

Веројатно, на чело со епископот Абондио, христијанското верување на голема врата било официјално воведено во градот кој бил заграден со ѕидови. Во делот на форумот на градот била подигната првата интрамурална крстилница наречена Сан Џовани во Атрио. Во тоа време оваа крстилница се сметала за официјална крстилница на епископот, дури и во ситуација ако катедралата остане приградска базилика. Базиликата посветена на Свети Петар и Павле била седиштето на епископот, всушност богослужбите за период од неколку векови се одржувале во приградскиот објект на пагото Зецио. Малата црква која го носела името на Сан Микеле (сегашната капела на бискупската палата), најверојатно во тоа време била ариевска крстилница. Крстилницата била особено активна во периодот по окупацијата на градот од страна на Лонгобардите (589 година). Тука Лонгобардите изградиле една од првите населби за нив како освојувачи, но и живеалишта за своите коњи.. Во тој период било очигледно дека, покрај тие први крстилници, биле изградени и други цркви, особено во заградениот дел од градот. Во тој период била подигната црквата Сан Еуфемија, за која фактите покажуваат дека била изградена во областа на градскиот форум и античкиот храм посветен на Јупитер. Токму на тој простор подоцна, во периодот на развиениот среден век, било префрлено седиштето на катедралата.

На почетокот на XI век (пред 1015 година, а можеби и порано, некаде во 1006 година),. седиштето на катедралата било преместено, од страна на Сан Еуфемија во црквата од романски стил Санта Марија Маџоре, која се наоѓала поблиску до езерото и пристаништето (тоа било период кога епископот од Комо се стекнал со феудални права-имот на брегот на езерото). Не е познато каква била структурата на оваа древна базилика. Најверојатно станувало збор за голем храм составен од вкупно пет кораби, чиј јужен ѕид се совпаѓал со оној на сегашната катедрала, а просторот на апсидата со површината на сегашниот трансепт. Без оглед на изгледот и големината на катедралата Санта Марија Маџоре, сигурно е дека таа била вметната во комплексот од верски објекти, во кој била вклучена и црквата Сан Џакомо, како и малата црква Санто Стефано (оваа мала црква функционира како зимски хор и се наоѓа повеќе или помалку на средината на улицата наречена Мајстор Комачини). Кон тој комплекс биле вметнати и камбанаријата (секако во пределот на трансептот на сегашната катедрала, на северната страна), епископската палата и ректоратот. Веројатноста е голема дека во Комо, како и во Милано, постоел еден тип на „двојна катедрала“. Се мисли на двојна катедрала со објектот на Санта Марија Маџоре и имала функција како зимска катедрала (многу слично со двојна катедрала како што има и истоимената базилика во градот Милано). Потоа постоела и таканаречена летна катедрала со име Сан Џакомо (во Милано летен дел би претставувала базиликата Санта Текла). Околу овие градби подоцна биле додадени, особено во ерата на општинската упрва, повеќе цивилни згради. Во периодот на бролето била додадена една граѓанска кула (цивилна кула) и бил додаден преториумот (1215 година). Во 1335 годин била изградена „Виконтската цитадела“, упориште нарачано по желба на Ацоне Висконти. Ѕидовите на оваа градба започнувале од делот на езерото, а завршуваат со неправилна линија до кружната кула на замокот. Кон овој објект биле доделени голем број од штотуку споменатите граѓански и верски споменици.. Токму поради оваа промена во центарот на граѓанскиот (но и во религиозниот) живот на градот, го добила оригиналниот распоред кој водел потекло уште од римскиот каструм. Сепак се случило и мало поместување или искривување при што најголемото кардо ја загубило својата важност (толку многу што го изгубил и својот линеарен распоред). Тоа било случај сѐ до изградбата на дополнителното или секундарното кардо, кое имало потекло од средновековната таканаречена контрада Квадра. Денес на тој простор може да се стигне преку улицата Виторио Емануеле, која всушност води до катедралата..

Објектот на готската катедрала Натписот кој е поставен надвор од главната апсида на катедралата потсетувал дека црквата Санта Марија Маџоре била темелно обновена почнувајќи некаде во 1396 година. Вреди да се истакне значајнато совпаѓање на овој период со работите за обнова на двата главни градежни објекти на висконтот од тоа време. Тоа биле катедралата во Милано и повелбата во Павија. Според тоа, историјата на сегашната катедрала во Комо започнала во 1396 година, кога било донесена одлука за нејзината изградба. Оваа одлука се донела бидејќи претходната црква Санта Марија Маџоре станала претесна и исто така не многу репрезентативна. Старата црква често пати била поплавувана од водите на езерото (на спротивниот брег од езерото Комо, во местото нарекувано Леко, постоел мост Ацоне Висконти бил предмет за изведба на некои структурни работи токму за да се подобрело излевањето на реката Ада и да му се помогнело на градот Комо за да се справи со поплавите, кој долго време се жалел од високиот водостој). Меѓу главните финансиери за изградбата која требало да ја издигне на повисоко надморско ниво, било градското трговско друштво.. Дури и војводата од Милано Џан Галеацо Висконти го дал својот придонес во изградбата на катедралата, дарувајќи сто златници.

И покрај официјалната година на отпочнување на работите, веројатно е дека градежните работи ефективно започнале околу 1420 година, кога започнале и записите за Градилиштето дел Дуомо. Она што е познато е дека првиот прекин во работите траел од 1402 до 1426 година.

Изградбата на новата катедрала започнала во стилот на доцниот готски приказ. Проектот бил на Лоренцо дела Спаци, мајстор од Комо кој работел од 1389 година и на миланската катедрала. Реновирањето на таа катедрала започнало речиси во истото време. Работите започнале од крајните столбови на корабите (тие се единствените столбови изработени од црн мермер наречен Олчио). Целта била да се продолжи со градбата која ја гарантирала искористеноста на старата базилика, која полека и постепено се вградувала во новата готска катедрала.Il muro meridionale attuale coincide con quello della preesistente basilica paleocristiana di Santa Maria Maggiore, tanto che vi è conservato un affresco, probabilmente dei primi anni del XV secolo, che faceva parte dell'antico edificio. Nascosto oggi dal complesso della pala di Sant'Abbondio, l'affresco rappresenta una Madonna in trono con il Bambino e due angeli musicanti. Le pareti e i pilastri dell'antica basilica erano certamente ricoperti di affreschi simili a questo. Во оваа прва фаза од работите, било зачувано присуството на правецот кој го давала старата базилика. Се внимавало на одбранбените одлики кои ги овозможувала веќе утврдената цитадела која од претходно била нарачана од страна на Ацоне Висконти. Градежаните работи ги усвоиле архитектонски решенија што резултирало со одредени структурални неправилности..

Инженерот Лоренцо Дегли Спаци во 1426 година бил наследен од инженерот со потекло од Комо, Пјетро да Бреџа, познат и како Ил Бреџино, кој останал во служба на градителските работи до 1452 година. Тој како „војводски инженер“, често патувал за да може да ги следи другите градежни работи локацирани ширум целото Војводството. (низ Ломбардија).

Во текот на XV век, при реновирањето на катедралата во Комо, се појавиле одредени тензии или несогласувања како од материјалното, така и од духовното обновување. Овие тензии доаѓале поради новата економска и политички поставеност на градот. По смртта на последниот припадник на семејството Висконти, Филипо Марија, и прогласувањето на Република Амброзијана ( 1447 година). Овој период бил обележан со длабока желба за црковни реформи, а исто така и со некои речиси апокалиптични несогласувања.