Кристијан Наумовски (роден на 17 септември 1988 година) ― македонски меѓународен фудбалер кој игра како голман за Шкупи.
Клупска кариера Наумовски е роден на 17 септември 1988 година во Скопје. Својата кариера ја започнал во 2008 година во екипата на Работнички од Скопје. За тимот на Работнички настапувал од 2008 до 2010 година. Од 2010 до 2014 година настапувал за тимот на Динамо Букурешт во Романија, каде одиграл 28 лигашки средби. Во летото 2014 преминал во екипата на Левски од Бугарија каде настапил само на 3 натпревари. Потоа се вратил во екипата на Динамо Букурешт, каде што го поминал вториот дел од сезоната. Во летото 2015 се преселил во Хонгконг, каде потпишал за тимот на Хонгконг Пагасус, каде настапил на 31 лигашка средба во периодот од 2015 до 2017 година. Од 2017 до 2019 година играл во тимот на Биркиркара од Малта каде настапил на 33 натпревари во периодот од 2017 до 2019 година. Во сезоната 2019/2020 настапувал за тимот на Балзан од Малта, каде настапил на 16 натпревари. Од 2020 година преминал во тимот на Шкупи за кој тим има одиграно 51 натпревар.
Меѓународна кариера Тој го имал своето сениорско деби за Македонија на пријателскиот натпревар против Канада во ноември 2009 година и има одиграно вкупно 6 натпревари. Неговиот последен меѓународен настап бил пријателскиот натпревар против Австралија во март 2015 година. Селекторот на Македонија, Благоја Милевски го повикал за баражот за квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 по 7 години отсуство.Milevski announced the list of invited players for the qualifier matches for the 2022 World Cup
Кариерска статистика Клуб
КлубСезонаНатпреварувањеЛигаКупЕвропаВкупноНаст.Гол.Наст.Гол.Наст.Гол.Наст.Гол.Работнички2008/09Прва македонска фудбалска лига11000001102009/1020000302302010/1100001010Вкупно3100040350Динамо Букурешт2010/11Лига 17000–702011/12403000702012/1310000001002013/147010–80Вкупно2804000320Левски2014/15Група А3020–50Вкупно30200050Динамо Букурешт2014–15Лига 18000–80Вкупно80000080Хонгконг Пегасус2015–16Премиер лига на Хонгконг12090–2002016–1719040 -230Вкупно31013000430Вкупно во кариерата1010190401230
Репрезентативна МакедонијаГодинаНастапиГолови200910201210201310201420Вкупно50
Почести
Клупски Работнички Куп на Македонија: 2008/09 Динамо Букурешт Куп на Романија: 2011/12 Суперкуп на Романија: 2012 Хонгконг Пегасус Куп на Хонгконг: 2015/16 Саплинг куп: 2015/16 Шкупи Прва македонска фудбалска лига: 2021/22
Наводи
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Букурешт Категорија:Фудбалери на ПФК Левски (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Хонконг Пегасус Категорија:Фудбалери на ФК Биркиркара Категорија:Фудбалери на ФК Балзан Категорија:Фудбалери на Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на Лига 1 (Романија) Категорија:Фудбалери на Првата професионална фудбалска лига Категорија:Фудбалери на Премиер лигата (Хонгконг) Категорија:Фудбалери на Премиер лигата (Малта) Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Иселеници фудбалери во Романија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Романија Категорија:Иселеници фудбалери во Бугарија Категорија:Иселеници фудбалери во Хонгконг Категорија:Иселеници фудбалери во Малта Категорија:Македонски иселеници спортисти во Малта Категорија:Најдобра единаесетка на Премиер лигата (Хонгконг) Категорија:Никулци за македонски фудбалери