Јаков Милатовиќ (црногорски: Јаков Милатовић; роден на 7 декември 1986) ― црногорски економист и политичар. Тој бил избран за претседател на Црна Гора на изборите во 2023 година, откако во вториот круг го победил Мило Ѓукановиќ. Тој бил министер за економија и економски развој во владата на Здравко Кривокапиќ од 2020 до 2022 година. Тој е и заменик претседател на движењето Европа сега.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Луѓе од Подгорица Категорија:Претседатели на Црна Гора Категорија:Црногорски политичари