Ванчо Тарабунов (р. година во Радовиш) — македонски пејач на народни песни. Негов син е познатиот пејач Александар Тарабунов. Долги години бил вработен во Македонската радио-телевизија, како уредник и водител.
Животопис Ванчо Тарабунов бил роден на 24 февруари 1951 во Радовиш. Негови попознати песни се: Жени се Радо, Македонски крвопис, Дедовино, Земјо Делчева, Ела си Лене, Барам прошка. Тој е чест учесник и на фестивалите: Гоце Фест, Фолк Фест Валандово, Тумба Фест и други. Долги години работел како радио новинар, уредник и водител на народна популарна музика во Македонската радио телевизија.
Тој е еден од основачите, организаторите и воедно долгогодишен учесник на Гоце Фест и Тумба Фест.
Награди Награда на "Гоце Фест" за песната "Дедовино" (1990) Награда на "Тумба Фест" за истоимената песна (1997) Втора награда на "Гоце Фест" за песната "Срам ни перде да се нема" (2005) Прва награда на "Гоце Фест" за песната "Што е мое пак ќе биде мое" (2010) Награда за животно дело на Фестивалот "Цветници" (2016) Награда за животно дело на Фестивалот "Тумба Фест" (2020) Награда на "Гоце Фест" за песната "Дедовино мила ризјанска" (2024) Прва награда од публиката на "Гоце Фест" за песната "На многаја лета" и признание за неговата долгогодишна работа и развој на фестивалот (2025)
Надворешни врски Ванчо Тарабунов на YouTube. Профил на Ванчо Тарабунов , Музички регистар.
Категорија:Пејачи од Радовиш Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски водители Категорија:Југословенски пејачи Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски уредници Категорија:Југословенски водители Категорија:Југословенски Македонци