Група Дрим Тим ― музичка група настаната во 1999 година, во Кавадарци, Македонија. Низ годините Група Дрим Тим и Марјан Коцев имаат издадено неколку албуми на авторски песни и македонски народни песни. Тие патувале и одржале повеќе концерти низ светот во: Австралија, Соединетите Држави, Канада, Германија и Швајцарија.

Историја Дрим Тим е основана во 1999 година, од страна на: Сашко Велков, Марјан Коцев, Александар Ангелов, Никола Коцев, Ангел Ќосев и Гоце Илиоски.

Имаат настапувано на многу фестивали во Македонија, на Тетовски Фолк Фест со Од песна повеќе ја сакам, Фолк Фест Роса со Запејте браќа, Песна за Дрим тим, Кај што свират трубите, Крал на жените, Сладок си мој животе, Свире те ми труби и други, на фестивалот "Филиграни" настапиле со Наздрави со старо вино заедно со Даниела Темелковска во 2013 и со песната Неверница во 2017 година, кој е автор на песната Ристо Вешков.

Во 2024 година, по повод 25 години Дрим Тим, одржале јубилеен концерт во Македонски народен театар во Скопје. На сцената на МНТ се појавиле и нивните колеги со кого соработувале низ годините Марјан Коцев, Сузана Гавазова, Синтезис, Влатко Лозаноски, Благоја Грујовски и Ибуш Ибраимовски. На концертот им биле доделени плакети на поранешните членови на бендот. Концертот бил снимен и емитуван на Телевизија 24.

Членови Дејан Николовски-Чуле (вокал) Никола Коцев (труба) Димитар Митровски (хармоника) Александар Ангелов (кларинет/сах) Ангел Ќосев (клавијатура) Гоце Илиоски (тапани)

Поранешни членови: Марјан Коцев Сашко Велков Драги Станков Бранко Наумов Благица Николова

Наводи

Надворешни врски Дрим Тим на YouTube Група Дрим Тим на Facebook - Обожувателска страница

Категорија:Македонски поп-групи Категорија:Македонски музичари Категорија:Појавено во 1999 година во Македонија Категорија:Култура на Кавадарци