Турскиот скопски дијалект или турскиот скопски говор е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Скопје и неговата околина. Дијалектот спаѓа во групата на централни турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“.Говорот на Турците од Скопско, Управа за заштита на културното наследство.

Распространетост Турскиот скопски дијалект се зборува во градот Скопје. Покрај градот, дијалектот се зборува од турско население кое е присутно и во селата Горно Количани, Пагаруша, Љубош, Долно Коњари, Средно Коњари и други.

Особини Скопскиот дијалект, како дел од централните дијалекти, споделува голем број заеднички одлики со соседните говори, како и пошироките румелиски говори на турскиот јазик. Како и да е, овој дијалект има одредени особини кои го издвојуваат од околните говори, особено на морфолошко и фонетско ниво.

Фонолошки особини Одредени фонолошки особини на дијалектот се:

диајлектот ги содржи скоро сите гласови од стандардниот турски јазик, со дополнение на гласот /ts/. при говорот се забележува присуство на долги вокали. има присуство на тврд рамен вокал има заменета употреба на меки и тврди согласки

Морфолошки особини Одредени морфолошки особини во дијалектот се:

сегашно време (презент): Ова време се гради со наставката –yor, која во скопскиот турски говор се скратува на “y”: isteys?n?z<istiyorsunuz, a?ay<a??yor, ?ikaylar<??k?yorlar, biney<biniyor, kapay<kap?yor, duyay<duyuyor промена на наставки за императив: otur, yazs?n, промена на наставки за идно време: наставката за идно време e –acak/-ecek: yapacan, ila?layacan промена на наставки за минато определено свршено време (перфекат): -di, -d?: промена на наставки за минато неопределено свршено време промена на наставки за инфинитив и глаголска именка и придавка својствени показни зборови: buni<bunu, својствени прилози: di?ari<d??ar? својствени предлози: sopayle<sopayla, својствени извици: aferim<aferin

Наводи

Поврзано Турски јазик Македонски Турци

Категорија:Турски дијалекти во Македонија Категорија:Нематеријално културно наследство