мини|Марија Гролмус на поштенска марка (1959) Марија Каролина Елизабет Гролмус (сорбиски: Marja Grólmusec) (24 април 1896 во Лајпциг – 6 август 1944 во Равенсбрик) била католички лужички публицист и член на социјалистичкиот отпор против нацистичката влада.

Животопис Марија Гролмус била родена на 24 април 1896 година во Лајпциг, а нејзиниот татко бил директорот и лингвист д-р Јоханес Гролмус (лурбиски: Jan Grólmus). Откако го завршила своето формирање на Gaudigsches Lehrerinnenseminar во Лајпциг во 1917 година, кратко време работела како наставничка во основно училиште во Бургершул Лајпциг-Родниц пред да ги започне своите студии по лингвистика и историја во Берлин и Лајпциг. Дипломирала во 1928 година, докторирајќи со тезата („Жозеф Герес и демократијата“). Додека студирала, најпрво била членка на младинската организација Виндхорстбунд, а подоцна станала член и на Социјалистичката студентска унија ().

Марија Гролмус била особено заинтересирана за политичкото новинарство. Па така, таа напишала повеќе написи за Rhein-Mainische Volkszeitung, весник близок до левото крило на Zentrumspartei и за списанието на католичкото младинско движење „Quickborn“ наречено Die Schildgenossen, иницирано од Романо Гвардини.

Иако била член на повеќе разни партии низ годините, нејзиниот политички фокус секогаш бил кон социјалната и левичарската политика. Таа почнала како член на Социјалдемократска партија на Германија (SPD) во 1927 година и ја напуштила партијата за да се приклучи на Комунистичката партија на Германија (KPD) во 1929 година. Таа била исклучена од КПД поради нејзиното противење на формирањето на одделни комунистички синдикати, па се приклучила на Комунистичката партија-опозиција, на чие малцинско крило и припаѓала заедно со Пол Фролих и Џејкоб Вaлчер. Тие ја напуштиле партијата во 1932 година за да се приклучат на Социјалистичката работничка партија на Германија (SAPD).

Откако нацистите дошле на власт, таа противзаконски ја продолжила својата политичка активност. Во тесна соработка со Arbeitskreis Revolutionärer Sozialisten, таа ги поддржувала политичките затвореници, транспортирала илегална литература и им помагала на загрозените другари да избегаат во Чехословачка. Оперирала од селото Радибор во Горна Лужица, родното место на нејзиниот татко. Таа била во контакт со групите на отпорот на СПД, КПД, САПД и австрискиот социјалист Ото Бауер. мини|Гробот на Гролмус на гробиштата во Радибор Таа била осудена од германските власти и на 7 ноември 1934 година била уапсена заедно со Херман Рајнмут. Првично била затворена во Дрезден. Таа била осудена на шест години затвор од Volksgerichtshof на 23 ноември 1935 година и била испратена во затворот Валдхајм. За време на нејзиниот притвор, таа се свртела кон католичката духовност. Нацистичката влада ѝ понудила слобода и терапија за рак, доколку таа се согласи да шпионира за нив во движењето на отпорот на Лужичките Срби, откако го отслужи својот мандат. Таа одбила, па како резултат била испратена во концентрациониот логор Равенсбрик. Во Равенсбрик, таа се обидела да им помогне на полските и чехословачките затвореници користејќи ги нејзините јазични вештини. Таа починала на 6 август 1944 година поради операција на тумор спроведена под несоодветни околности. Нејзината урна била погребана на гробиштата во Радибор.

Почести мини| Статуа на Гролмус пред училиште што го носи нејзиното име во Радибор мини|Комеморативна плоча во Бауцен Таа била почестена од ГДР поради нејзината улога како антифашистички борец и борец на отпорот. Повеќе лужички градови имаат улици именувани по неа, вклучувајќи ги Бауцен, Хојерсверда, Лајпциг. Во Шлајфе и Радибор, училиштата се именувани по неа. Во Радибор има и нејзина статуа.

Дела

Дополнителна литература Maria Kubasch: Maria Grollmuss. Für eine Zukunft echter Gemeinschaft (= Christ in der Welt, Heft 26). Union-Verlag, Berlin 1970.

Gerd Schäfer: Dr. Maria Grollmuß (1896–1944) – Eine fast vergessene Grenzgängerin. In: Arbeit - Bewegung - Geschichte|JahrBuch für Forschungen zur Geschichte der Arbeiterbewegung, Jg. 2012, Heft III.

Надворешни врски

Swen Steinberg: Grólmusec (Grollmuß), Marja (Maria Karoline Elisabeth). In: Institut für Sächsische Geschichte und Volkskunde (Hrsg.): Sächsische Biografie (на германски).

Наводи

Категорија:Политичари од Социјалдемократската партија на Германија Категорија:Луѓе од Лајпциг Категорија:Родени во 1896 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Лужички Срби