Ронан Патрик Џон Китинг (роден на 3 март 1977 година) ― ирски пејач и текстописец.
Ронан Китинг е роден на 3 март 1977 година во Свордс, округ Даблин, Ирска. Тој е најмало дете на Џери и Мари Китинг. Пред да стане професионален музичар, Ронан сериозно се занимавал со атлетика. Меѓу неговите достигнувања е и победата на 200 метри во државните натпревари за спортисти до 13 години. Во младоста, тој не го следел примерот на неговите браќа и сестри кои емигрирале во Северна Америка, туку продолжил да работи во продавница за чевли, каде што се вработил како асистент.
Музичката кариера ја започнал во 1993 година како пејач ирската поп група Boyzone, во која исто така членувале Кит Дафи, Мајкл Греам, Шејн Линч и Стивен Гејтли. По распаѓањето на групата во 1999 година, тој ја започнал својата соло кариера започна и од тогаш снимил единаесет албуми. Во светски рамки особено се истакнал кога неговата песна „When You Say Nothing at All“ се нашла во саундтракот на филмот Нотинг Хил и се искачила на врвот на топ листите во неколку земји. Ронан Китинг моментално е водител на утринска емисија на Magic Radio.
Во тој период, Ронан Китинг, заедно со Кери Кроули во Даблин бил водител на Изборот на песна на Евровизија (1997), двапати бил домаќин на МTV Еurope музичките награди (во 1997 и 1999). Во 1998 година, Ронан бил презентер на Мис на Светот. Во 2002 година, заедно со Менди Мур, ги додели наградите на MTV Asia Awards.
Како солист, Ронан Китинг продал преку 20 милиони плочи ширум светот плус 25 милиони плочи со Boyzone. Во Австралија е познат како судија на All Together Now (во 2018 година), The X Factor (од 2010 до 2014) и како ментор во The Voice (во 2016 и 2022 година). Китинг активно учествува во добротворни организации и ја основал Фондацијата Мари Китинг, која ја подига свеста за ракот на дојката, а е именувана по неговата мајка, која починала од оваа болест во 1998 година.
Дискографија
Ronan (2000) Destination (2002) Turn It On (2003) Bring You Home (2006) Songs for My Mother (2009) Winter Songs (2009) Duet (2010) When Ronan Met Burt (2011) Fires (2012) Time of My Life (2016) Twenty Twenty (2020) Songs from Home (2021)
Филмографија
Божица (2013) - Џејмс Дикенс Поштарот Пет: Филм (2014) - Роман, Пет Клифтон (пее глас) Синот на другата мајка (2017) – Харолд Ле Друиленец Love Child (2017) - Лоренс Фабер PAW Patrol: The Movie (2021) - Харис (позајмен глас во Велика Британија)
Поврзано
Список на презентери на Евровизија
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб страна
Магичен појадок со Ронан и Хариет на Magic Radio Ронан Китинг со Дизни+ на Magic Radio Фондацијата Мари Китинг Интервју на Ронан Китинг „Ова сум јас“ – Heat World, јуни 2009 година Веб-страница на Амбасадорот на добра волја на ФАО
Категорија:Ирски поп пејачи Категорија:Ирски пејачи Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Добитници на Светски музички награди Категорија:Статии со hCards Категорија:Добитници на Наградата „Ивор Новело“ Категорија:Ирски филмски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“