Стадион Жалгирис () ― поранешен повеќенаменски стадион во Старешовина Жирмунаи од Вилнус, Литванија. Стадионот имал 15.029 места и бил најголем во Литванија до неговото уривање. Тој бил најголемиот фудбалски стадион во Литванија и бил изграден над осквернавените гробови на Евреите погребани на Старите еврејски гробишта под стадионот. лево|мини| Свеченото отворање на стадионот по преизградбата на 15 јуни 1929 година. Именуван е по Битката кај Грунвалд и повторно бил изграден од германските заробеници по Втората светска војна и бил завршен во 1950 година (стадионот постоел веќе пред Втората светска војна и бил користен од Погон Вилно; во 1936 година на стадионот било одржано полското првенство во атлетика).

По независноста бил користен од фудбалската репрезентација на Литванија, но подоцна го изгубила своето значење како национален стадион и сите меѓународни фудбалски натпревари биле играни или на Стадионот Дариус и Гиренас во Каунас или на поновиот Стадион ЛФФ исто така во Вилнус.

Во 2015 година, стадионот бил продаден на литванското друштво за недвижности Hanner, кое планирало да го урне и да отвори место за станови, хотели и канцеларии.

Уривањето на Стадионот Жалгирис започнало на 5 јули 2016 година.

Наводи

Надворешни врски

Стадион Жалгирис Категорија:Спортски зданија во Вилнус Категорија:Национални стадиони Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:ФК Жалгирис Категорија:Спортски зданија урнати во 2016 година Категорија:Спортски зданија завршени во 1950 година Категорија:Спортски зданија изградени во СССР Категорија:Повеќенаменски стадиони во СССР Категорија:Повеќенаменски стадиони во Литванија Категорија:Фудбалски зданија во Литванија Категорија:Атлетски зданија во Литванија Категорија:Поранешни згради и градби во Литванија