Македонија Парк — мултифункционален стадион во Перт, Западна Австралија. Главно се користи за фудбалски натпревари и претставува домашен терен на фудбалскиот клуб Стирлинг Македонија. Стадионот има сместивост од 5,000 гледачи.

Стадионот бил развиен од страна на македонската заедница во Западна Австралија во средината на 1980. години по добивањето на финансиски средства од владата со која раководел премиерот Боб Хоук. Стадионот бил изграден заедно со соседните објекти на заедницата.

Македонија Парк официјално бил пуштен во употреба во 1986 година, за натпреварот од првото коло од националниот фудбалски лига куп 1986 помеѓу екипите на Стирлинг Македонија и Аделаида Сити, пред 5,000 гледачи.

Во 2012 година, стадионот добил надградба во вредност од 1,1 милиони долари, финансирана од владата на Џулија Гилард, вклучително и надградба на теренот и осветлувањето.

Македонија Парк бил домашен терен на женскиот фудбалски клуб Перт Глори за сезоната 2021–22 во А-лигата на Австралија.

Во септември 2022 година, било објавено дека на Перт Глори ќе одигра 10 натпревари на домашен терен на стадионот Македонија Парк во сезоната 2022–23 од А-лигата на Австралија, поради тековни работи за обнова на Перт Овал, нивниот вообичаен домашен терен. Дополнително, стадионот станал домашен терен за женската екипа на Перт Глори за целата сезона во А-лигата на Австралија за жени.Македонец и Македонка во Перт Глори ќе трчаат по победи на – „Македонија Парк“ sport1.mk; 26 ноември 2022

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Стирлинг Македонија Профил на стадионот на Soccerway

Категорија:Фудбалски стадиони во Австралија Категорија:Македонска дијаспора