десно|мини| Приближна местоположба на тонење во Охридското Езеро десно|мини| Туристичкиот брод Илинден На 5 септември 2009 година, туристичкиот брод Илинден со група од 57 странски туристи потонал во Охридското Езеро, Југозападна Република Македонија. Загинале 15 лица. Потонувањето на Илинден е најголемата бродска несреќа во историјата на Република Македонија.
Охридското Езеро е најдлабокото езеро на Балканот, со максимална длабочина од 288 метри. Бродот Илинден носел туристи кон манастирот Свети Наум. Бродот, изграден во 1924 година, имал максимален капацитет од 45 патници. Потонал за четири минути, на околу 200 метри од брегот, во плитки води. Се наведува дека потонал околу 11:00 часот наутро по локално време, во близина на кампот Елешец. Две мали бротчиња, Александрија и Кристина, биле во близина и помогнале на патниците на Илинден . Повеќето од туристите на бродот биле постари лица, од кои многумина не можеле да пливаат. Жртвите биле од Пирдоп, Златица, Челопеч и Антон.
Претставници од високиот врв на Република Македонија го посетиле местото на несреќата. Претседателот на Република Бугарија, Бојко Борисов испратил авион, Ц-27Ј Спартан, да ги пренесе телата на жртвите назад во Бугарија. Министерот за транспорт и врски на Република Македонија Миле Јанакиевски поднел оставка поради несреќата од морални причини,Minister of Transport and Communication resigned која не била прифатена од премиерот Никола Груевски.Macedonian government refuses to accept Janakievski's resignation. SETimes.com, 10 September 2009. Accessed 2009-09-27. Archived 2009-09-30. Утредента, 6 септември во Република Македонија бил прогласен за ден на жалост. Едноминутно молчење било оддадено пред квалификациите за Светското првенство на Македонија и Бугарија во 2010 година подоцна на 5 септември и против Шкотска и Црна Гора.
Бугарскиот културен клуб – Скопје му предложил на градоначалникот на Охрид Александар Петрески да се подигне споменик во чест на жртвите во несреќата и на оние чија помош спасила многу животи.Further delay for the sunken Ilinden . ALFA TV, 17 September 2009. (in Macedonian)NGO proposes monument to be erected in memory of Ohrid Lake victims . Startpagina.nl, 26 September 2009. Во ноември 2020 година, споменикот во Охрид на загинатите туристи на бродот Илинден бил вандализиран и уништен. На 28 ноември градоначалникот на Охрид Константин Георгиески соопштил дека искршената спомен плоча е заменета со нова.мини|остатоците од Илинден во 2016
Наводи
Категорија:Охрид Категорија:Македонија во 2009 година Категорија:Бродови Категорија:Смрт во Македонија Категорија:Бродоломи