Кубер Пиди (анг:Coober Pedy) ― гратче во северниот дел од Јужна Австралија, 846 километри северно од Аделаида. Градот се нарекува и „светска престолнина на опалот“ поради големото количеството скапоцен опал кој таму се ископува. Кубер Пиди е прочуен и по своите подземни живеалишта наречени „копанки“, кои вака се изградени поради дневните горештини.
Името „Кубер Пиди“ се смета дека потекнува од абориџинскиот збор купа пити (kupa-piti), што значи „дупка на белите пријатели“, но од 1975 година Абориџините кои живеат во градот го користат името Умуна (Umoona), што значи „долг живот“.
Според пописот од 2016 година, во Кубер Пиди 1.762 (вклучувајќи ги и Абориџините Австралијци ), во Кубер Педи имало 1.762 луѓе.
Историја Прв истражувач кој стигнал во околината на Кубер Пиди бил Шкотланѓанецот Џон Мекдуал Стјуарт, во 1858 година. Градот бил основан во 1915 година, кога Вил Хачисон на 1 февруари истата година го открил првиот опал. Во 1916 тука веќе почнале да пристигнуваат првите ископувачи на опал.Smith, R. Australia: Journey Through a Timeless Land. Името на градот било одлучено на состанок во 1920 година, кога била основана и првата пошта.
Наводи
Надворешни врски
(Coober Pedy Retail, Business & Tourism Association)
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Градови во Јужна Австралија Категорија:Рударски градови Категорија:Подземни градови