Колин Ендрју Фирт (; роден на 10 септември 1960 г.) ― англиски театарски и филмски глумец и продуцент.
Улогата на г-дин Дарси во телевизиската адаптација на Гордост и предрасуди од Џејн Остин во 1995 година го свртело вниманието кон него и почнал да добива улоги во позначајни филмови како што се Англискиот пациент (1996), Вљубениот Шекспир (1998), Дневникот на Бриџит Џонс (2001), Девојка со бисерна обетка (2003), романтичната комедија Love Actually (2003) и музичката комедија Мама Миа! (2008) и нејзиното продолжение, Mamma Mia! 2 (2018).
Во 2009 година, Фирт за улогата во Самец, ја освоил наградата БАФТА и ја добил својата прва номинација за Оскар. Во 2010 година, за улогата на кралот Џорџ VI во „Говорот на кралот“ од режисерот Том Хупер освоил Оскар за најдобар глумец.
Добитник е на многу признанија, како Оскар, две Награди од Британската филмска академија, награда Златен глобус и три награди од Здружението на глумците на екранот. Во 2011 година, Фирт, од кралицата Елизабета II во Бакингемската палата, добил орден од Редот на Британската Империја за неговите услуги во драмата. Истата година, добил и ѕвезда на Булеварот на славата во Холивуд, а магазинот Тајм го вклучи во нивната листа 100 највлијателни луѓе во светот."Full List – The 2011 Time 100", Time, 21 April 2011. Retrieved 8 October 2012. Детство и младост Колин Фирт е роден на 10 септември 1960 година во селото Грејшот во Хемпшир, во учителско семејство. Дел од детството го поминал во Нигерија,Stated in interview on Inside the Actors Studio, 2011 а потоа на негови 11 години живеел во Сент Луис, САД. По враќањето во Англија се запишал во средно училиште во Винчестер.
Откако завршил средно училиште, Фирт се преселил во Лондон и бил примен во Националниот младински театар, каде што запознал многу луѓе и се вработил во одделот за гардероба во Националниот театар. Потоа студирал во Драмскиот центар во Лондон.
Кариера Својата филмска кариера ја започнал со екранизацијата на претставата Друга земја, каде што бил избран да го игра ликот на Џад (а Руперт Еверет го играл Гај Бенет). Потоа играл најразлични улоги на филм и телевизиски серии, меѓу кои и главните улоги во Еден месец во село (A Month in the Country) (1987), Tumbledown (1988) и Валмон (Valmont)(1989).
Пресвртница во неговата кариера била неговата улога како гордиот аристократ г-дин Дарси во мини-серијата на Би-Би-Си, Гордост и предрасуда (1995) заснована на романот од Џејн Остин. За оваа улога бил номиниран за БАФТА.
По ова тој добивал улоги во комерцијално успешни филмови како што се Англискиот пациент (добитник на девет Оскари), Вљубениот Шекспир (кој освоил седум статуетки, вклучувајќи и оскар за најдобра глумица за Гвинет Палтроу), Дневникот на Бриџит Џонс со Рене Зелвегер, Девојката со бисерна обетка со Скарлет Јохансон. Во Мама Миа!, музички филм со Мерил Стрип во главната улога, го игра Хари Брајт, еден од можните татковци на Аманда Сејфрид.
Колин Фирт глумел и во Easy Virtue, кој премиерно бил прикажан на Римскиот филмски фестивал и добил одлични критики. Тој глумел во Џенова, кој имал премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2008 година. Во 2009 година глумел во Божиќна песна, адаптација на романот од Чарлс Дикенс. Во Сликата на Доријан Греј (2009), филм со Бен Барнс во главната улога, кој се базира на истоимениот роман од Оскар Вајлд, тој го играл лордот Хенри Вотон. мини| Фирт со Хелена Бонам Картер на снимањето на „Говорот на кралот“ во 2009 година, неговата досега најпофалена улога од критичарите На 66-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција во 2009 година, за неговата улога како професор на колеџ кој се бори со осаменоста по смртта на неговата долгогодишна партнерка во режисерското деби на Том Форд, „Самец“, Колин Фирт го добил Волпи купот за најдобар актер. За таа улога добил најдобри критики во кариерата и бил номиниран за Оскар, Златен глобус, награда од Здружението на глумците на екранот, БАФТА и номинации за BFCA; во февруари 2010 година ја освоил наградата БАФТА за најдобар глумец во главна улога.
Во филмот „Говорот на кралот“ (2010) Колин Фирт ја глуми улогата на принцот Алберт, војвода од Јорк/Кралот Џорџ VI, Во кој се опишуваат обидите на кралот да ја надмине својата говорна маана откако ќе стане крал на Обединетото Кралство кон крајот на 1936 година. На Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF), филмот добил овации. На 16 јануари 2011 година, за улогата во Говорот на кралот тој освоил Златен глобус за Најдобра изведба на актер во филм – драма. Здружението на глумците на екранот, на 30 јануари 2011 година му ја доделило наградата за најдобар машки глумец. Во февруари 2011 година, ја освоил својата втора последователна награда за најдобар глумец на наградите БАФТА во 2011 година, а на 27 февруари 2011 година добил Оскар за најдобар глумец. Филмот заработил 414.211.549 долари.
Фирт го глумел британскиот таен агент Бил Хејдон во адаптацијата од 2011 година на романот од Џон ле Каре, Крпар, кројач, војник, шпион, во режија на Томас Алфредсон и со Гери Олдман, Бенедикт Камбербач, Том Харди, Марк Стронг и Џон Херт. лево|мини| Фирт добива ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2011 година Во комедијата A Perfect Plan (2012) глумел заедно со Камерон Дијаз, во кој коваат план за измама со продажба на лажна слика. Во мај 2013 година, било обелоденето дека Фирт потпишал да глуми заедно со Ема Стоун во романтичната комедија на Вуди Ален „Магија на месечината“, со дејство во 1920-тите и снимена на Француската ривиера. Во 2014 година, го глумел Хари Харт во шпионскиот акционен филм Kingsman: The Secret Service, кој заработил 414,4 милиони долари наспроти буџет од 81 милион долари."Kingsman: The Secret Service (2015)". Box Office Mojo. 1 March 2015. Retrieved 23 June 2015.
Во 2017 година, повторно ја играл улогата на Џејми од „Love Actually“ од 2003 година. Истата година, Фирт го глумел Хари Харт во продолжението Kingsman: The Golden Circle. Во 2018 година, Фирт ја повторил својата улога на Хари Брајт во продолжението на Mamma Mia!, Мама Миа! 2. Потоа глумел во музичката научна фантастика Мери Попинс се враќа, со Емили Блант во главната улога. Тој исто така го глумел командантот на британската морнарица Дејвид Расел во Курск, филм за вистинскиот настан за катастрофата на подморницата Курск во 2000 година. Во 2019 година, тој имал камео улога како британски генерал во филмот од Сем Мендес, 1917. Сместен во Англија во 1947 година, Фирт глуми со Џули Волтерс во Тајната градина, а подоцна во 2020 година со Стенли Тучи во Супернова . Во 2021 година, глумел во романтичната драма Mothering Sunday во режија на Ева Хусон. Во декември 2021 година, добил улога во драма филмот од Сем Мендес, Империја на светлината, со Оливија Колман во главната улога. Во април 2022 година глумел во Операција Минсмит. Во мај 2022 Фирт се вратил на телевизија глумејќи го Мајкл Петерсон во HBO серијата Скалила.
Наводи
Надворешни врски
Colin Firth at the BFI's Screenonline
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Англиски филмски глумци Категорија:Англиски филмски продуценти Категорија:Добитници на Оскар за најдобар глумец Категорија:Англиски сценски глумци Категорија:Добитници на БАФТА награди Категорија:Добитници на Златен глобус Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја Категорија:Англиски радио глумци Категорија:Англиски ТВ глумци Категорија:Британски филмски глумици