Брагил или Брагилај — антички град во древномакедонската област Крестонија, сместен кај денешното село Јанешево, Кукушко, Егејска Македонија. Во литературата се среќава како и или на латински.
Остатоците од градот се наоѓаат на ридот Бујук Тепе (Τρανός λόφος) на 1 км ЈЈИ од Јанешево. Откриена е керамика и остатоци од бедем по обиколката на ридот. В полето на подножјето на ридот и на неговиот почеток има некропола со гробови од типот циста.
Во 1996 г. наоаѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.
Наводи
Категорија:Градови во Античка Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Кукуш (општина)